Историјата на белиот венчален фустан

31 јули 2013

Провидниот вел и цвеќето го носела на главата, на себе имала бела ткаенина а на појасот ремен врзан во чвор што го симболизира оттргнувањето  на злите сили од себе и бракот. Средновековните венчавки што биле договор меѓу племињата се често склопувани од политички причини а не од љубов. Невестата била огледало на статусот и стандардите на семејството, додека изборот на материјалите кои ги носела исто така покажувале какво е нејзиното семејство. Оние што припаѓале на ниската класа носеле фустани во зелена и сина боја. За нив венчавката претставувала важен настан на кој се облекувале колку што им дозволувал буџетот, но во секој поглед тежнееле до некакво совршенство кое тогаш го имале само богатите. Кај Англо- Саксонците бил забележан поинаков ритуал  во однос на велот, освен невестата и младоженецот на главата носел превез. Во западната култура на почетокот на 14 век обичниот фустан кој се носел на венчавките почнал да го менува својот изглед.

 

Првите историски факти дека почнала да се носи бела венчаница датираат од 1406 година кога принцезата на Англија,  Филипа, ќерката на Хенри IV, носела туника и мантил од бел сатен на својата венчавка. Ен, војвотката на Британија во 1499 исто така носела бел фустан , додека нејзините деверици носеле фустани во бела и сребрена боја. Едена од најубавите и првите кралски венчаници се смета онаа на кралицата Викторија, која во 1840 се омажила со принцот Алберт.

Кралицата Викторија и принцот Алберт во 1840 год во Лондон Кралицата Викторија и принцот Алберт во 1840 год во Лондон

Во периодот од 1837 до 1901 година покрај белите венчаници почнале да се изработуваат и оние во шампањ и небесно сина боја. Овие фустани биле со многу едноставен дизајн и одговарале на секоја фугура. Велот бил најважниот дел и секоја невеста сакала да има уникатен. Сината боја пак ја симболизирала чистотата и оттука повеќето жени се одлучувале за оваа нијанса на фустан отколку белиот. Поголем број од жените не ни можеле да си допуштат бела венчаница, затоа се одлучувале на себе да имаат некој едноставен фустан во светлосина или светлозелена нијанса, а имало случаи и кога невестите носеле црн фустан доколку се мажеле за вдовец.

Кралицата Елизабета 1923 год Кралицата Елизабета 1923 год

Во 1890 година е прифатено дека венчаницата треба да биде во бела боја. Почетокот на 20 век носи промени и во дизајнот на венчаницата, тогаш биле направени и првите венчаници од тантела украсени со бисери. Големо влијание имале и фустаните на актерките што тогаш се појавиле на филмското платно. За да  го носат повторно овој фустан „како од филм“, невестите ги пребојувале венчаниците за да можат повторно да ги носат. Во 20-те години се изработила и венчаница до колена, на оваа тоалета обично одел многу долг вел, по правилото дека ако венчаницата е пократка велот мора да биде подолг. Во 30-те кризата земала замав, така што невестите немале пари за венчаница и избирале да го носат својот најубав фустан што го облекувале во ден недела кога се одело на црковна миса. Индустриската револуција оставила печат и врз историјата на модата. Наскоро цените на венчаниците драстично паднале, а новата цена била достапна за сите класи.

Во источната култура се случувало нешто сосема поразлично. Невестите во Кина, Индија и Виетнам носеле венчаница во црвена боја која ја покажува добрата среќа и исполнување на очекуваното. Црвеното сари го носеле невестите во Индија,а со текот на времето изборот на бојата и материјалите се зголемил.

Венчавка во Казахстан во периодот од 1911-1914 год Венчавка во Казахстан во периодот од 1911-1914 год

Во Јапонија пак, невестите во текот на церемонијата менувале и до три фустани или кимона. Карактеристично во оваа земја е дека белата боја ја симболизира смртта, но за невестите покажувало нешто спротивно. Носењето бел фустан или кимоно на церемонијата означувало дека невестата се простува од нејзиното семејство и е мртва за нив. Промената на следното кимоно кое било во црвена боја означувало дека таа се предава на семејството на мажот. Кога зборуваме за историја на венчаниците, не можеме да не ја споменеме венчаницата што ја носела холивудската дива Грејс Кели, креирана од познатата американска дизајнерка  Хелен Роуз.

 

Токму оваа свилена венчаница направи нов моден тренд кој се задржа до ден денес. Горниот дел на венчаницата дава софистициран и кралски изглед, додека велот бил рачна изработка од илјадници бисери. Кога тоа би се превело во бројки би изгледало вака: 125 метри свила, 40 метра скапа тантела и многу мали и скапи бисери. Свој печат во оваа приказна остави и венчаницата на принцезата Дајана што ја носеше во 1982 година изработена од тешка свила и едноставни детали, влезе во историјата како една од највпечатливите венчаници.

 

Денес на невестите им се достапни венчаници во секакви стилови и бои, направени од квалитетни и помалку квалитетни материјали. Изработени по последна  мода или во винтиџ стил, венчаницата е секогаш во сонот на секоја млада девојка, затоа изберете ја вистинската и уживајте во неа.

Дали знаевте?

1.Обичајот за носење бела венчаница доаѓа од кралските палати, а подоцна во 19 век почнува да се шири и кај останатите сталежи.

2. Само на почетокот на 20-тите белата боја претставувала буржоаски морал и невиност на невестата која се споредува и со чистота.

3. Носењето превез на главата е антички ритуал кој ја симболизира сопственоста на младоженецот кон неговата жена и разделувањето од нејзиното семејство.

Објавено:
31 јули 2013
Категорија: 
Стории