Каде грешат брендовите со рамазанските колекции?

30 јуни 2016

„Томи Хилфигер“, „Оскар де ла Рента“, „Моник Луилер“, „Манго“ се само дел од брендовите што изминативе години на модниот пазар лансираа колекции за „светиот месец“ на муслиманите, односно популарно наречени „рамазански“.

Инаку, „DKNY“ е првиот бренд што лансираше ваква колекција и тоа во 2014 година, при што ги таргетираше муслиманките на Средниот Исток.

И покрај тоа што многумина ова го сметаат за одличен маркетинг и пазарен чекор, сепак, голем број од муслиманските жени велат дека целта на овие колекции е сосема промашена и тоа од неколку причини.

Како велат, главниот проблем е што многу од дизајнерите не го разбираат празникот, па затоа создаваат колекции кои се несоодветни за пригодата и генерално за религијата. Инаку, едноставно претставено, Рамазан е деветтиот месец од исламскиот календар, кога според верувањата, светата книга Куран му била подарена на Пророкот Мухамед.

Во текот на овој месец верниците  постат, не јадат и не пијат, од изгрејсонце до зајдисонце. Исто така, пожелно е да се воздржуваат и од грешни мисли и постапки. Во периодот предвиден за јадење и пиење, муслиманите времето го поминуваат со своето семејство, а посебно внимание се обрнува и на вечерните молитви. Крајот на Рамазан се одбележува со голема прослава Бајрам. Семејствата се дотеруваат и заедно појадуваат, а денот поминува во веселба, храна, гости.

Во некои земји се практикува и размена на подароци. Така, според муслиманските жени, овие парчиња, се наменети за еден сосема мал дел од муслиманската популација. Тоа се должи и на лимитираното истражување на пазарот, според кое се верува дека муслиманите (конкретно оние на Средниот Исток) ги поминуваат ноќите купувајќи во трговските центри. Брендовите ја таргетираат оваа конкретна популација, бидејќи според економските податоци од 2014-2015 година, тие до 2019 година ќе потрошат 489 милијарда долари на модниот пазар.

Едно од прашањата што веднаш паѓаат на ум е зошто се пробивате на странски пазар со потрошувачи што не ги разбирате и кои имаат константен пристап до скромна облека, а го игнорирате пазарот на Запад, кој се проценува на 100 милијарди долари, пазар со кој брендовите се запознаени и потрошувачи што имаат лимитиран пристап до скромна облека?

Со тоа, многу од производителите и продавниците се мачат со слаби заработувачки, бидејќи таргетираат недоволно истражен пазар.

Конкретно, рамазанските колекции не се успешни од овие неколку проблеми:

DKNY

-Промашен тајмин – Како што продавниците почнуваат со кампањите „повторно на училиште“, многу пред реалниот почеток на учебната година, или новогодишната облека многу пред 31-ви декември, така исто така треба да се постапува и со овој празник. Рамазанските колекции треба да бидат достапни одреден период пред празникот. Но тоа не е случај. Брендови како „DKNY“, „Томи Хилфигер“ и дел од уличните брендови ги пласираат овие производи недела дена пред празникот, или пак дури и на самиот ден кога почнува. Нема многу логика во тоа да се пласираат во време кога муслиманите имаат најмалку време за лежерен, опуштен шопинг.

-Премногу се кежуал – Поголемиот дел од жените во текот на Рамазан бараат нешто што е свечено или полусвечено, што ми можеле да го носат на големата прослава. Повеќето од колекциите за овој празник нудат кежуал парчиња, за некој опуштен ручек, но не и свечена вечера. Жените бараат софистицирани фустани, елегантни блузи, драматични здолништа, а не фустани и туники од памук, со риги или други летни дезени.

-Не се достапни за повеќето купувачи – Рамазанските колекции многу често се понудени само во продавниците на Средниот Исток, што содржи само 20 проценти од светската муслиманска популација. Мнозинството нема пристап до овие колекции, особено бидејќи нема можност и за онлајн купување. А кон ова, мора да се споменат и високите цени, што се достапни само за мал дел од населението, бидејќи повеќето немаат големи буџети за облека.

-Не се доволно скромни – Она што останатите жени го поврзуваат со фенси и коктел фустани, муслиманките исто така го вклучуваат во скромен дрес код. Повеќето веројатно никогаш не би купиле нешто транспарентно или без прерамки, со гол грб или длабоко деколте, висок шлиц. Муслиманските жени бараат нешто со стил, но сепак примерно. Колекцијата на Томи Хилфигер од 2015 година е најблиску до таа замисла, а дизајнерот и оваа година остана доследен на традицијата.

Во продолжение ви ги претставуваме и двете колекции:

Објавено:
30 јуни 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.213 пати