Како да станете моден уредник?

6 септември 2013

Речиси и не пости човек кој не би сакал да добие покана за најдобрите модни шоуа и иако изгледа однадвор како лесна работа, сепак патот до градењето на име во светот на модата е макотрпен процес. Во продолжене ќе биде претставен краток приказ за тоа како функционира пазарот во Америка, зашто Њујорк сепак е светска метропола каде конкуренцијата демне на секој чекор.

Иако е потребно да поседувате богато портфолио за да стигнете да бидете уредник на успешни модни магазини, сепак не се обесхрабрувајте бидејќи талентот секогаш победува. Прво треба да се направи граница меѓу два различни поими: моден уредник и стилист. На пример, Мелани Вард работи стилист за Harper’s Bazaar. Таа е всушнсот десна рака на дизајнерите и фотографите, учествува во уредувањето на колекцијата и фотографиите за магазинот. Од друга страна, маеркетинг уредникот е задолжен за остварување соработки и контакти со голем број дизајнерски имиња, одбирање модни парчиња за новите едиторијали и нивна испорака. Па кога вака ќе се направи споредба повеќе од јасно е дека работата на стилистот е каде каде поинтересна. Но сепак, сите започнуваат како асистенти или публицисти. Дури и познатата Ава Винтур почна со својата работа во House & Garden.

Што е потребно за да станете уредник?

Рут Бало, 25 годишниот моден уредник во Космополитен препорачува со оваа разбота да се започне уште додека сте на студии. Рут на последната година од нејзините студии започнала да работи во Harper’s Bazaar и иако на почетокот немала никаква функција, сепак самиот факт дека е дел од тој магазини била доволна причина да го издржи притисокот и да научи нови работи. Потоа заминала да работи како асистент за Редбук, но по една година се вратила во Harper’s Bazaar како маркетинг уредник.

Причината за работење додека сте на студии се сведува на тоа дека секогаш предност имаат оние кои имаат богато портфолио или пак студентите кои се запишани на Бернард или Колумбија Универзитетите. Иако знаењето не треба да се потценува, но доколку искуството не е факт со кој може да се пофалите за време на интервјуто, тогаш дефинитивно е колеџот каде сте ги завршиле студиите.

Што да носите за време на интервјуто?

Аутфитот може да биде пресуден за одењето на интервјуа, а може да замислите колку е тоа важно во модната индустрија. Не ја потценувајте моќта на деталите и најважно од се не облекувајте фармерки или класично сако. Направете интерсна комбинација од горен дел со здолниште до колената, убави чевли и впечатлив накит со кој сепак нема да изгледате кичесто. Рут на своето прво интервју немала доволно пари за да се облече во скапи модни парчиња, но сепак направила добра комбинација на аутфитот и го заокружила со Зара чевли кои и ден денес ги памети.

Што да очекувате од работата?

Доколку сакате да бидете успешни треба да бидете спремни дека ќе започнете од самото дно. Тоа значи дека ќе ја чистите и средувате облеката после или пред сликање, ќе бидете секретарка, ќе варите кафе, ќе трчате по јадење или пак чувар на модни парчиња предвиден за некоја ревија или едиторијал. Интересно е да се знае дека повеќе се ценат оние индивидуи кои остануваат приземни,отколку оние  што  ја искористуваат секоја шанса да се умилкуваат или да глумат шпиони. Сепак и во модната индустрија се бара дискреција бидејќи постои голема конкуренција. Доколку сакате да стигнете до позицијата уредник морате да знаете дека нема отстапувања. Тоа значи дека ако треба да се појавите во 4 часот наутро на работа ќе го направите тоа бидејќи лошата репутација со брзината на светлината ќе се рашири кај сите оние кои на било какво начин се дел од модната индустрија. А пак, стекнувањето на добар углед ќе биде причина да уживате во голем број благодете и посета на места и настани каде само неколкумина среќници имаат пристап.

Кои се предностите на оваа професија?

Не постои девојка во светот која не сонува да носи скапи модни парчиња., а голем број уредници ги добиваат како поклон. Исклучок од ова правило се магазините New York Times и New York Observer кои имаат стриктна уредувачка политика во однос на ова прашање. Сепак не треба да се претерува бидејќи колегите во вашето опкружување тоа ќе го приметат и искористат против вас. Доколку играте мудро ќе успеете да бидете и во првите редови на престижни модни ревии како што е примерот со Рут која морала да го пополни местото на нејзиниот шеф, а не ни претпоставувала дека до неа ќе седи Доналд Трамп.

Иако кај нас работите функционираат на поинаков начин, ние немаме толку голема модна машинерија или магазини кои би можеле да бидат конкуренција во однос на професоналноста и соработката со голем број брендови, а сепак оние кои ја гледаат модата како свој начин на живот, се спремни да направат голем чекор и да одговорат на горенаведените предизвици. Ротацијата на работната сила е секојдневна бидејќи секој не може да го одржи балансот и да го издржи притисокот, но доколку знаете точно што сакате и доколку ги следите советите од погоре, секако ќе успеете да го остварите вашиот сон.

Објавено:
6 септември 2013
Категорија: 
Стории