Како една девојка од фарма стана најбарана на модните недели?

26 октомври 2018

Ако погледнавте барем една од ревиите на познатите дизајнери на било која од модните недели што изминаа, тогаш сигурно ја забележавте оваа прекрасна девојка, или барем прочитавте нешто за неа.

Како што пишуваат медиумите, Сара Ејруд е дефинитивно манекенка во подем за чија кариера допрва ќе се зборува.

Фото: Adam Katz

Оваа впечатлива 22 годишна Швеѓанка беше во центарот на вниманието на најголемиот дел од модните шоуа, а нејзиниот специфичен и посебен изглед направи медиумите постојано да пишуваат за неа.

Она што е интересно е нејзината приказна која таа без проблем ја раскажува, а која може да инспирира безброј девојки ширум светот.

Фото: Oskar Gyllensward

Пред да стане една од најбараните манекенки во светот, таа живеела на фарма во Шведска заедно со нејзините родители.

„Никогаш немав пробано ниту еден чифт потпетици. Никогаш не бев класично девојче, сакав да јавам коњи, но решив дека барем треба да пробам да бидам манекенка и така и се случи“, вели Сара во интервју за Вог.

Фото: Pinterest

Тинејџерските години таа ги поминала на семејната фарма грижејќи се за животните заедно со нејзиниот татко, но најмногу ги обожавала коњите и на три годишна возраст веќе почнала да јава, по што наскоро почнала и да се натпреварува.

„На фармата имавме сè, мачиња, кучиња, кози, мисирки, зајчиња и што уште не. Јас најмногу се грижев за коњите и целосно им се посветив уште од тригодишна возраст. Денеска, постојано се борам за правата на животните бидејќи пораснав со нив и навистина сакам да имаат добар живот“, вели манекенката.

Фото: The Fashion Model Directory

Нејзината љубов кон животните и помогнала повторно да им се врати откако минатата година доживеала сериозна несреќа откако нејзиниот коњ ја отфрлил на еден од натпреварите.

Фото: View Management

По само шест месеци, таа повторно му се вратила на јавањето коњи, а набрзо дошле и ангажманите за модните недели.

Фото: Vogue

„Кога мојот скаут ми рече дека имам ангажман за голем дел од пролетните модни недели, воопшто не се изненадив, едноставно почуствував дека тоа е тоа што треба да го правам. Заминав во Њујорк и не погледнав назад“, вели Сара.

Инфо: Vogue

Објавено:
26 октомври 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
803 пати