Како култното палто на „Диор“ од „Новиот изглед“ ја смени модата

13 февруари 2020

Датумот 12.02 е значаен во модната куќа „Диор“. Во 1947 година, токму на овој датум, дизајнерот Кристијан Диор ја презентира својата прва ревија, која ќе остане запаметена по новата естетика, односно таканаречениот „Нов изглед“. 

За потсетување, се работи за комбинација од широко здолниште со миди должина и палто, кое максимално ја истакнува половината и ја нагласува женската фигура.

Првото шоу на дизајнерот се состоело од 90 силуети, кои вклучувале како што напоменавме и погоре, широко здолниште, сокриени облини, но со акцент на струкот. 

Тоа е датумот кога се случи модна револуција. Дотогаш немало такво нагласување на женската фигура. Рамениците биле умерени, кроевите биле со низок струк и нагласени колкови, но со ова култно палто и комбинација на познатиот дизајнер, жените се чувствувале далеку попривлечно.

Како пренесува „Вог“, ова парче било клучно парче во преку 20 колекции на Висока мода на Кристијан Диор, сè до неговото заминување во 1957 година.

Но, тоа не значи дека ова парче не продолжи да живее.

Нема дизајнер кој после Диор создавал за модната куќа, а не се инспирирал од култното палто и „Новиот изглед“.

После смртта на Кристијан, ќе го замени неговиот поранешен асистент, Ив Сен Лоран. Кога тој пак ќе замине во војска, уметничкиот и креативен дел од брендот ќе го води Марк Боан, а после него Миланесе Џанфранко Фере. 

Во 1996 година „Диор“ ќе биде под уметничко водство на Џон Галијано и така ќе биде сè до 2011 година.

креација на Џон Галијано инспирирано од палтото

Бил Гајтен ќе биде кратко на оваа позиција, по што ќе дојде белгискиот дизајнер Раф Симонс. Неговата „ера“ ќе трае до 2016 година, кога ќе дојде Марија Грација Кјури и ќе биде првиот женски дизајнер што некогаш работел за модната куќа, чија креатива сè уште ја води.

Сите овие, еве дури и 73 години после неговата креација, ова палто сè уште е едно од омилените и најинспиративните, па секој од овие споменати дизајнери направил нивна реплика или адаптација на парчето во времето во кое твореле.

креација на Раф Симонс инспирирана од „New Look“

Тајните зад ова парче ги знаат само оние што работат во „Диор“, но тоа не ги спречува останатите да го сакаат и да ги привлекува поради неговата моќ да го извлече најдоброто од женската фигура.

Креација на Марија Кјури инспирирана од споменатото палто (Bar jacket)

 

Останатите фотографии и приказната можете да ги видите на „Вог“.

Објавено:
13 февруари 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
507 пати