Како „Сексот и градот“ ја промени модата?

29 април 2013

Во „Дневниците на Кeри“, продолжение по истоимената книга од Кендас Бушнел, овојпат, во сценарио се преточени средношколските денови на омилената Њјурчанка, Кери Бредшо, само 20 години помлада. Новата Сара Џесика Паркер е Ана Содфија Роб, која ја враќа Кери во тинејџерските денови. По оваа серија се очекуваат нови модни трендови, како онаа огрлица со името на Кери и трендовите од високата мода кои таа ги актуелизираше, но, само за оние со подлабоки џебови.

 Сексот и Градот“ се прикажуваше со голем успех од 1998 до 2004година, почнувајќи како обична серија која на крајот остави повеќе од моден печат во модата. Во суштина, серијата го промовира личниот стил, а гардеробата на секој карактер беше автоматски показател на личноста. Кери Бредшо носеше добар спој на винтиџ и висока мода, сериозната и цинична адвокатка Миранда, минималистички костим кој праќа порака на моќ. Шарлот носеше модели кои се по нејзина мерка , а Саманта носеше се што е нападно и ги истакнува женските облини. Нивните стајлинзи зборуваа многу за идентитетот на личноста, пренесувајќи го тоа на девојките кои ја заживеаја оваа серија. Заслуагата за тоа најмногу и припаѓа на костимографката  Патриција Филд, која изгради име токму од стајлингот на актерките. Таа внесе урбан сензибилитет  во естетиката на секој лик. Филд ги „ископа“ од ефтини аутфити па се до висока мода, таа наметна стил кој и денес е нослив и тренди.

Лудило за обувки

Кери Бредшо во момент на своја финансиска паника изјавува:Потрошив 40 илјади долари на обувки, а немам стан. Ќе бидам стара жена која живее во своите обувки.  Таа имала повеќе од 100 пара обувки, од кои во просек по пар чинат околу 400 долари, што ги надминува нејзините стандарди и месечна заработка како колумнистка. Кој не ја памети сцената кога на улица крадец на Кери сака да и ја украде чантата и обувките Маноло Бланик? Но, таа едноставно на тоа реагира како да и е најважното во животот и прокоментира во стилот на „Секоја девојка има право на свои обувки“. Сандалите Џими Чу станаа предмет на чудење, како и оние на Бланик.

Чанти

Чантата „Фенди Багет“ стана апсолутно модерна и ја поткрена цела индустрија откако беше објавена во модниот магазин Вог. Следеа чантите на Луј Витон, чантата „Мураками“ и „Белансиаг“ моторџиската торба. И додека Патриција Филд на почетокот бирала само ефтини стајлинзи, за да заштеди од буџетот на серијата. „Фенди“ е првата модна куќа од која позајмила една чанта. После тоа и други модни куќи им понудиле гардероба за изнајмување, но само доколку се појави во некоја од епизодите.

Модни додатоци

Миранда ги заживеа чантите и обувките со бежова боја, Саманта ги актуелизираше впечатливите очила за вид, кои армија девојки обожуваат да ги носат. Кери на себе секогаш имаше маркантни модни додатоци кои никогаш не беа погрешно споени. Саманта носи брошеви и скапи обетки, посебно во работна варијанта која ја симболизира моќта на жената, а Миранда ја сака модата, но не живее за неа. Најчесто носи костуми и ја одржува едноставноста па дури и во слободното време. Шарлот е порцелансакта принцеза од Менхетен, која се носи како Џеки Кенеди, кога се во прашање очилата за сонце, бисерите, чантите и обувките.

Голотија

Ова не е никакво изненадување, но како и да е серијата е насловена како „ Сексот и Градот“ . Сите актерки освен Сара Џесика Паркер имаат разголени сцени, освен нејзините за кои во договорот стои клаузула дека нема да ги има. Крајот на деведесетите беше во знакот на корсетите а жените ги прифатија и повеќе од доволно. Тогаш исчезнаа и конзервативните фустани, а се почитуваше разголеното тело и индивидуализмот. Кери прва ја покажа тантелната  долна облека која се гледа над облеката, намерно и нападно. Она што претходно беше незамисливо , стана возможно, а Кери наметна трендови кои сите жени го прифатија без да поставуваат прашања.

Објавено:
29 април 2013
Категорија: 
Стории