Кинеските лажни производи се проблем и во Кина

11 јуни 2014

china-also-fakes-these-stores-disney-nike-dg-mcdonalds-starbucks-and-more

Насекаде низ светот постои борба против лошите имитации на познатите брендови. Најголем број од нив потекнуваат од Кина, но и таа не е отпорна на овој проблем. Таобао е кинеска онлајн продавница, која започна да функционира пред 11 години, а денес е една од најпосетените, најпрофитибилните и развиени во Кина. Работи со два типа на продажба - од купувач на купувач, и од компанија на купувач.

Во 2013 година сајтот имаше регистрирани 500 милиони корисници, а дневно преку 60 милиони посетители. Бројот на продукти на Таобао надминува 800.000, а во просек секоја минута се продаваат 48.000 производи. Тоа придонесува оваа онлајн продавница да има повеќе од 80 проценти на електронскиот пазар на потрошувачи.

Оваа комерцијална империја влијае врз животниот стил на Кинезите. Без да излезат од дома, тие можат да купат се што им е потребно, за цени пониски од оние во малопродажба.

taobao

Младите купувачи и понатаму одат во трговските центри, но нивната посета се сведува само на пробување, за потоа да си го порачаат парчето на интернет бидејќи е поевтино. Но, и покрај големиот успех на Таобао, многумина се жалат на тоа дека на сајтот се продаваат „лажни“ парчиња и сметаат дека онлајн продавницата треба да се затвори.

Во Кина, каде пазарот е преплавен од лоши имитации, нереално е да се очекува дека нема да ги сретнете и на Интернет.

Но, ниту многуте случаи на продажба на имитации на Таобао не успеале да ја намалат успешноста на нивната продажба која постојано е во пораст. Кинеските потрошувачи се бесни поради измамите, но веќе се навикнаа на нив.

Големото присуство на имитации/копии укажува на сериозен проблем во кинеското општество денес: отсуство на чесност и стандарди. Во општество каде луѓето немаат доверба во туѓиот интегритет, клучен фактор за брзата експанзија на Таобао беше воведувањето на Alipay услугата за онлајн плаќање, во 2004 година, од страна на компанијата Alibaba.

china_fake_11

Кога ќе купите производ на Таобао на пример, вие плаќате всушност на Алипеј. Продавачот гледа дека купувачот платил, но не може да ги добие парите додека купувачот не го добие производот и е задоволен со него. Дури тогаш Алипеј ги префрлува парите на сметката на продавачот. Но, ако купувалот сфати дека производот не е тоа што го очекувал, може да го врати. Во тој случај, Алипеј ги враќа парите на сметката на купувачот, пренесува Њујорк Тајмс.

Инаку, во Кина сметаат дека главниот проблем е во недостатокот на моралниот интегритет во општеството, како и тоа дека владата и покрај напорите да создаде дбри социјални услови, нема голема доверба и кредибилитет кај народот .

fake_brands_01

Народот смета дека владата бавно го спроведува економскиот раст и дека недоволно ефективно се справува со овој проблем, кој е веќе широко распространет.

Објавено:
11 јуни 2014
Категорија: 
Стории