Кој е човекот кој стои зад Face App?

27 јули 2019

Јарослав Гончаров е името на Русинот кој ја создаде апликацијата по која полуде целиот свет. Веројатно тој е најпопуларниот човек деновиве, а многумина сакаат да дознаат кој е 40-годишниот Русин кој собра податоци на повеќе од 12 милиони луѓе и кој заработе милиони за само неколку дена. 

Дипломирал на Факултетот за математика и механика на Универзитетот во Санкт Петербург. Пред да ја создаде апликацијата која стана вирален феномен, тој работел како технички директор на SPB Software компанија за апликации и игри на паметните телефони.

Оваа компанија пак, во 2011 година ќе отиде во сопствеништво на руската интернет компанија "Yandex“, која ја нарекуваат и „рускиот гугл“ и тоа за 38 милиони долари.

„Windows откако заминав, се обиде да се натпреварува со Apple и производството на затворениот систем, наместо да одбере отворен, фокусиран на партнерите кои Андроид ги зема. Кога размислувам за тоа се уште ме боли“.

Јарослав ќе си замине од оваа компанија во 2013 година, а со цел да ја основа компанијата „Wireless Lab“ исто така специјализирана за апликации за мобилни телефони. Првиот позначаен проект на неговата компанија ќе биде токму Face App.

„Да речеме дека имав доволно пари да започнам со своја компанија и да не се грижам за дополнии инвестиции“.

Благодарение на филтерите за вештачка интелигенција, оваа апликација им овозможува на корисниците да видат како ќе изгледаат кога се млади, односно во последната ултра популарна верзија, кога ќе остарат.

Последните податоци велат дека апликацијата е на врвот на листата на преземања и кај „андроид“ телефоните и кај „ајфон“-ите. Освен фасцинантните бројки, оваа апликација, а со тоа и нејзиниот создавач, се најдоа во центарот на светското внимание и поради стравот од безбедноста и злоупотребата на приватноста, односно податоците. 

Американците побараа истрага, Гончаров одеднаш стана презафатен да одговори на прашањата што ја засегаат јавноста, додека пак стручни лица од истата дејност велат дека во апликацијата нема ништо спорно, и дека не сè што доаѓа од Русија е насочено кон односно против Американците.

Сепак, неодамна даде интервју за „Форбс“, неговото прво на англиски јазик, во кое вели:

„Минатиот четврток се обидов да го избројам бројот на повиците кои ги добивав... Ги имаше 200 за три часа“, вели Јарослав.

Тој додава дека новите услови и политиката на апликацијата ќе значат отстранување на референците за правата која компанијата ги презема со фотографиите на луѓето. Сегашните услови му овозможуваат на Face App речиси комплетна сопственост, дозволувајќи ѝ на компанијата даги користи, менува и продава фотографиите како сака, без надокнада за корисниците. 

Во јавноста се појавија информации дека поради ваквите услови, можете да го видите своето лице на некој билборд во Русија, но и дека фотографиите ќе се користат за истражувања поврзани со вештачка интелигенција.

„Луѓето се исплашија бидејќи мислат дека ќе ги злоупотребите податоците, што секако не е случај. Нашата политика на приватност е многу слична на онаа што Инстаграм ја имаше... но, никој не го обвинува Инстаграм, затоа што тоа е Инстаграм. Приоритет ни е да ги поправиме политиката на приватност и условите на користење. Фотографиите ги бришеме за 48 часа, барајќи од „Амазон“ и „Гугл“ серверите на кои работи Face App, автоматски да ги избришат податоците кои биле во системот, ниту пак ќе се користат за комерцијални цели, смета Русинот.

На прашањето, зошто компанијата 48 часа ги држи фотографиите на серверот, Гончаров вели дека корисниците не сакаат повторно да ја вчитуваат фотографијата секој пат кога ќе забележат некој нов филтер. 

„И тоа ќе го менуваме. Но, корисниците и сега имаат можност да одговорат и да потврдат дали се согласуваат со условите на користење или не. Постојат толку многу други апликации кои собираат многу повеќе информации. Ние, едноставно не!“, потенцира директорот на команијата.

Инаку, во раните 2000-ти, Гончарот работел и во „Мајкрософт“ и тоа како програмер, многу пред да се појават андродиди или ајфоните популарни.

Гончаров на Face App почнува да работи уште од 2016 година, а првиот пат стана вирален поради филтерот кој ги правеше луѓето поубави. 

Со таков успех, Русинот морал да го формулира деловниот план. Идејата била луѓето да платат за уредување на фотографија, па токму тоа и го направил - додал платена претплатничка понуда, која би го отстранила водениот жиг од Face App и досадните огласи и некои дополнителни премиум можност. Всушност, Face App го замени фотошопот.

„Се исплатеше. Имаме успех, но неверојатно необичен успех. Face App е профитабилна од првото лансирање пред две години, па до сега, со добри бројки на приход и раст. Можев лесно да добијам инвестиција од Силиконската долина... но, имавме доволно за органски да растеме“, објаснува тој.

Апликацијата 99% од заработувачката ја генерира преку претплатата. Гончаров одбива да им каже на медиумите колку заработува, ниту пак сака да ги открие броевите на корисниците, но и без тоа, заработувачката од ден на ден расте.

Објавено:
27 јули 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
403 пати
Тагови: 
стории Face App
Извор: 
Forbes magazine