Која е разликата помеѓу Барбери мантилот од 2000 и оној од 200 евра?

17 март 2017

Барбери мантилот во крем нијанса е дефинитивно еден од најпознатите во светот и вистинска класика која секогаш е добредојдена во женскиот плакар.

Но, што е она што го прави толку посебен и најпознат на светот и дали навистина вреди две илјади евра читате во продолжение.

Ако мислевте дека името е она што го прави толку скап, верувајте дека тоа не е така, туку дека навистина станува збор за изработката.

Во едно истражување спроведено во Америка, на прашањето „Колку пари би дале за добар тренч мантил?“, испитаниците одговориле од 100 до 500 долари, а повеќето се изјасниле дека не би дале повеќе од 250 долари.

Иако денеска ова парче можете да го најдете во голем дел од продавниците на high street брендовите по пристапни цени, мажите и жените се подготвени да платат и повеќе бидејќи станува збор за парче што не излегува од мода.

Она поради што многумина го сакаат е фактот дека има одличен крој, му прилега речиси секому и секако, многу е практичен.

Директорката на Fashion Institute of Technology, Валери Стил, вели дека ако говориме за тренд мантилот и квалитетот, тогаш разликата во цената е повеќе од оправдана.

Модната куќа Барбери го патентираше познатиот тренд мантил уште во 1879 – тата година откога и стана култно парче допадливо за сите.

Истиот најмногу го прослави Одри Хепберн во „Појадок кај Тифани“, а потоа и инспекторот Клузо во „Пинк Пантер“.

Сите Барбери мантили се изработуваат во Англија, што е ретка појава во светот на модата. Работниците во фабриката на брендот секогаш работат со полна пареа и неделно шијат по пет илјади парчиња од познатиот тренч мантил. Иако работат со автоматски машини за шиење, тоа не значи дека овој мантил губи од својата вредност.

За изработка на еден мантил се потребни четири часа интензивна работа, а тоа е два часа повеќе од работа на еден костим. Тренч мантилот со потпис на Барбери се шие од неверојатни 80 делови, а само јаката се изработува од осум засебни парчиња.

Комплексноста на кројот е посебна и поради препознатливиот дезен од внатрешната страна, а само на еден дел, односно кај јаката, овој дезен е видлив и од надвор. Всушност, тоа е и единствениот дел по кој можете да препознаете дали се работи за оригинален Барбери мантил.

Најинтересниот детаљ што го поседува е оној на ременот, односно еден вид посебно метално копче во форма на латинската Д буква.

Првично, ова шик парче било наменето за англиската војска поради неговата функционалност, а една од нив е дефинитивно најквалитетниот вид на водоотпорен памук.

Според сите овие податоци, дефинитивно може да се заклучи дека цената на крајот можеби е и оправдана.

Какво е вашето мислење, сметате ли дека вреди толку?

Објавено:
17 март 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
3.818 пати
Извор: 
elle.rs