Колку се заработува во модниот свет?

30 август 2013

moda 5

Сите ги познаваме, некои од нас им завидуваат, сакаат да бидат како нив... Луѓето од светот на модата работат многу, но и заработуваат многу. Ана Винтур на пример, една од најмоќните жени во светот на модата, има годишна плата од 2 милиона долари. Од својата плата задоволни се бројните соработници во Вог и останатите модни магазини, во голем број ќерки на бизнисмени и банкари, кои живеат од парите заработени од родителите, а своите работни должности ги објснуваат воглавно поради ексклузивниот друштвен круг во кој се движат.

Но, како живеат и заработуваат оние кои се неизоставен дел од големата модна машинерија која има годишни приходи и по неколку милијарди долари?

moda 3

Порталот „Фашиониста“ се занимаваше со ова прашање, па спроведе и анкета во која учествуваа 5.000 луѓе кои работат во модниот бизнис. Во анкетата учествуваа и големите имиња на издавачки куќи , како Конде Наста, кој покрај Вог, ги издава и Гламур, Алур, Vanity Fair, Lucky, како и работниците во големите модни куќи и ангенции.

Во анкетата се земени предвид 40 занимања од сите сфери на модата, од продавници, дизајнерски куќи, односи со јавност, мнаџмент, па се до магазини.

Просечната плата на buyer (купувач), личноста која за продавницата ги одбира клучните дизајнерски парчиња изнесува околи 69 илјади долари годишно, а тоа е 4.000 повеќе од оној кој ја менаџира продавницата. Ако сте асистент на ПР-от, тогаш вашата плата ќе изнесува 44.000 долари годишно. Вашиот шеф ќе заработи околу 60.000 долари, а главниот ПР на компанијата 88.000 долари годишно.

moda 4

Како и секогаш, најдобро се платени во маркетинг секторот. Така, еден маркетинг менаџер во модниот свет годишно заработува околу 88.000 долари, додека платата за директорот на маркетингот изнесува околу 130.000 долари, а нивниот претпоставен 306.600.

Стилистите се исто така во врвот на листата со годишен приход од 141 илјада долари.

Во секторот на издаваштво уредникот зема околу66.400 долари годишно, а неговиот асистент 33.900 долари. Лекторите се со просечна плата од 34.000 долари. Новинарите имаат годишна плата од 44.600 долари а техничките уредници 40.800 долари. Луѓето задолжени за ангажирање на манекенките, односно комуникација со модните агенции и организирање на фотосесиите имаат прослечна плата од 105.000 односно 164.800 долари (ако сте главниот човек на овој сектор).

moda 1

Кога се дизајнерите во прашање, ситуацијата е следна - помошник дизајнер има годишна плата од 55.000 долари. Техничкиот дизајнер 85.400 долари. Дизајнерот заработува 155.400 долари годишно, а дизајн директорот 178.000. Креативниот директор пак, има просечна годишна заработувачка од 191.000 долари.

Асистенто на продукција има годишна плата од 36.200 долари. Графичниот дизајнер 101.200, додека неговиот помошник на годишно ниво заработува 46.200 долари. Уредникот на фотографија има просечна годишна плата од 115.900 долари, а дизајн директорот 164.300.

Објавено:
30 август 2013
Категорија: 
Стории