Кратка историја на безвременското класично парче за сите пригоди – ролката!

21 јули 2014

Кон крајот на 19 – тиот и почетокот на 20 – тиот век во англосаксонските земји, а особено во Велика Британија конечно се појавија поборничките, односно движењето за еднакво право на глас помеѓу мажите и жените.

Жените кои беа дел од тоа движење, за да бидат што е можно поавтентични во своите барања, за прв пат во светот почнаа да носат панталони барајќи симболични начини преку кои ќе пружат отпор.

Иако можеби не директно, нив им помогна и големата Коко Шанел со создавањето на првиот женски костим што предизвика големи контроверзии во социјалниот живот, но и покрај реакциите, таа создаде вистинска револуција создавајќи жена која што е сериозна и вредна за да и биде дозволено да гласа, да работи надвор од домот, да се образува, па дури и да пишува книги.

По Втората светска војна на страната на женската еманципација „застанаа“ и фармерките, а во 15 – тиот век и едно од најзначајните парчиња кај женската облека во историјата – ролката!

По официјалното појавување, нејзината популарност непрестајно растела. На почетокот на 20 – тиот век од морнарите, ова модно парче го презедоа интелектуалците, филозофите и уметниците и истото го направија свој заштитен знак.

Комбинацијата од црна ролка под кошулата дефинитивно им пркосеше на законите на формалното облекување, а во 50 – тите години на минатиот век таа стана и ултимативен симбол на отпорот кон „black tie“ обелкувањето.

По 50 – тите, и жените ја преземаа како дел од своите комбинации и оттогаш, ја претворија во еден од најпознатите унисекс симболи на нивната еманципација.

Ова унисекс парче како земја на потекло ја има Италија која во тоа време, а и денеска е симбол за вистински гламур, сензуалност, театралност и богатство.

Истата беше дел и од многу филмови, меѓу кои и „Појадок кај Тифани“ каде ја носеше Одри Хепберн, во филмот „Ени Хол“ со Дајан Китон, но и во поново време во серијата „Гли“ каде Гвинет Палтроу изгледаше одлично.

Денеска, освен како дел од филмовите, ролката ја носат и голем број познати трендсетерки, но и женски и машки актерки и музичари и истата секогаш изгледа безвременско.

Сѐ до денеска, ова култно парче остана неверојатно интересно во светот на модата и како дел од дизајнерските колекции и светски познатите брендови.

Нејзиниот статус на префинето, софистицирано парче од облеката остана недопрен, а како што се чини, така ќе остане уште многу долго време.

Објавено:
21 јули 2014
Категорија: 
Стории