Лекси – чудото на Иман и Дејвид Боуви

23 август 2017

Поминаа 17 години откако Дејвид Боуви и неговата сопруга Иман ја запознаа јавноста со нивната ќерка, Александрија Зара „Лекси“ Џонс. Ексклузивата ја имаше магазинот „Hello!“, а тоа воедно беа и првите фотографии од тогашното бебе Лекси.

Неодамна таа наполни 17 години, но своевремено ја нарекуваа „бебе чудо“ .

Лекси е единственото дете на Иман и Боуви, иако и двајцата имаат по едно дете со нивните претходни партнери. Дејвид и Енџи во 1971 година го добија синот Данкан, а Иман и Спенсер Хејвуд во 1978 година ја добија ќерката Зулеха.

Речиси сите светски медиуми ја пренесоа веста за нејзиниот роденден, констатирајќи дека Лекси прераснува во вистинска убавица.

Во 2009 година, Иман во интервјуто за „Parade magazine“, зборуваше за разликите помеѓу тоа да се има дете во 20-тите и 50-тите години од животот. Таа рече дека раѓањето на Лекси е вистинско чудо.

-Луѓето зборуваат за чудото наречено чин на раѓање. Не. Чудотото е во мислите. Јас направив и Ин Витро, но ништо не се случи. Потоа, почнав да размислувам за посвојување, а потоа неочекувано забременив. Тоа дефинитивно беше вистинско чудо – изјави моделот тогаш.

Со оглед на ексцентричноста на татко ѝ на сцената и неговата посебна појава на сцената, многумина би помислиле дека Лекси можеби ќе биде збунета од таквата трансформација. Но, како вели Иман, тоа воопшто не претставувало проблем.

-Разликата помеѓу одгледување дете во 20-тите години од животот и 50-тите е трпението. Кога го добив првото дете, бев на врвот на кариерата, и ја носев Зулеха насекаде со мене по светот. А потоа морав да ја дадам на училиште. Ми беше многу тешко што морам да ја оставам. Другово пак, мисли дека таа е во потешка ситуација бидејќи и двајцата стари родители се дома со неа постојано. Кога Лекси имаше четири години, првпат ја виде фотографијата на Дејвид како Ziggy Stardust. Единственото нешто што ме праша е зошто неговата коса е портокалова. Шминката не ја збуни. ниту ја исплаши – се присетува Иман.

Ако се прашувате зошто никогаш не сте слушнале многу за Лекси, тоа е бидејќи родителите се потрудија нејзиниот живот да го чуваат заштитен од медиумите, да остане приватен. Тие останаа доследни на зборот дека фотографиите на Лекси и интервјуто за магазинот Hello! во 2000-тата година, кога таа има само 17 дена, ќе бидат први и последни.

Но, папараците се потрудија тоа да не биде тоа така. Осум месеци по смртта на татко ѝ, во август годинава, Лекси беше „фатена“ од папараците. Пред тоа, беше фотографирана во 2013 година, за време на едно патување во Венеција.

Моделката додава дека ќерката успеала уште повеќе да ги зближи со Дејвид.

-Отсекогаш сме биле многу блиски, но доаѓањето на Лекси нè направи уште поблиски, ако е тоа воопшто можно. Таа ни донесе радост и посветеност, што беше врзувачка за двајцата. Преку ноќ, нашите животи се променија на уште подобро, далеку над нашите очекувања – раскажа пред седум години моделот.

По смртта на Боуви, многу медиуми пишуваа како доаѓањето на второто дете на уметникот му дало нов живот.

-Тој пропушти многу од детството на Данкан, затоа сакаше колку што е можно повеќе време да поминува со Лекси – изјави во една пригода биографот на уметникот, Дејвид Буклеј.

Тој додава дека Боуви често ја носел на училиште и ѝ помагал со домашните задачи. Лекси му помогнала да го забави темпото на живот и да се посвети на улогата – Дејвид Џонс, таткото.

-Ние сме едноставни, обични луѓе. Нашиот живот е домаќински – изјави во 2002 Иман за „Sunday Times“.

Многуми велат дека убавата Лекси подеднакво потсетува и на нејзиниот татко и на мајката Иман, а благодарение на социјалните мрежи, медиумите сега имаат поширок пристап до тоа како изгледа и што прави..

 

 

A post shared by Lex (@lexlex.jonesy) onJul 13, 2017 at 3:34pm PDT

 

 

A post shared by Lex (@lexlex.jonesy) onFeb 12, 2017 at 9:10am PST

 

 

A post shared by Lex (@lexlex.jonesy) onMar 10, 2017 at 8:29pm PST

 

 

A post shared by Lex (@lexlex.jonesy) onFeb 1, 2017 at 5:48pm PST

Објавено:
23 август 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
8.960 пати