Листа на најдобрите блогови со модни рецепти

27 август 2013

 

Модните блогови од типот „направи сам“, се мошне популарни и полни со креативни идеи. Според одредени статистики младите, па и оние повозрасните ги обожаваат. Затоа еве ви ја листата на најпопуларните и најпосетените модни блогови со рецепти и направи сам проекти:

 

 

Моден блог: „А Pair and A Spare“

Овој моден блог е мошне популарен и тоа со причина. Нејзин творец е Женева Вандерзеил која е вистински моден „манијак“. Таа е во постојан чекор со најновите модни трендови, а овој свој моден блог за направи сам модни парчиња облека  започнала да го работи во 2009 година. Женева која во моментов живее во Хонг Конг има напишано и книга насловена "DIY Fashionista". Оваа блогерка пишува статии за австралиски Vogue, магазинот Lucky и списанието Harper's Bazaar.

 

 

Моден блог: „Love Aesthetics“

Love Aesthetics во превод значи љубов и естетика, што укажува на фактот дека што и да креирате треба да го нпаравите со многу труд, љубов желба и модна фантазија. Ова е уште еден неверојатен моден блог, создаден од Иванија Карпио во 2008 година. Нејзините модни рецепти се од типот на направи сам модни додатоци или облека.

Кога станува збор за модата Иванија сака да користи неконвенционални парчиња материјали за да креира изненадувачки интересно и оригинално парче облека. Вреди да го посетите и да дознаете некоја нова идеја за некој интересен модел.

 

 

Моден блог: „P.S. I Made This“

Овој блог со модни рецепти, без никаков проблем може многу лесно дс го вклучите во десетти величествени како резултат на неговата огромна популарност. Она што го прави овој блог толку кул и интересен е фактот дека нејзиниот творец Ерика Домесек, го прави она што верувајте секој од нас би сакал: редизајнира облека и модни додатоци, а инспирацијата ја зема од модните писти. Покрај „смешните“ цртежи модниот рецепт содржи детални упатства и галерија, како би можел секој да се обиде да ги реплицира нејзините модни откритија.

 

 

 

Моден блог: „Honestly...WTF“

Ако сте во постојана потрага за нова инспирација во поглед на направи сам модни блогови и рецепти, тогаш никако не смеете да го пропуштите „Honestly...WTF“ блогот. На овој сајт ќе ги пронајдете сите видови на модни детални инструкции. Од тоа како на вашите патики да ги украсите со нитни или кристални каменчиња, па се до направи сам дијамантски ѓердан ии друг вид на накит.

 

 

 

Моден блог: „Love Maegan“

„ Love Maegan“ не е само моден блог, се работи за сајт кој е преполн со направи сам проекти кои опфаќаат различни сегменти од нашето живеење како на пример: фризури, уметност на нокти, како да го уредите домот и многу повеќе. Овој инвентивен блог е создаден од стран ана Меган Тинтари во 2006 година и претставува полн погодок, бидејќи овде можете да си ги задоволите вашите апетити за направи сам модни инвенции од повеќе аспекти. Навистина е спектакуларн кога можете се да најдете на едно место.

 

 

 

 

 

Објавено:
27 август 2013
Категорија: 
Стории