Љубов и мода

14 февруари 2017

Кој вели дека љубовта не трае и дека не може да се старее достоинствено и со стил? Овие двојки што ќе ги видите во продолжение ќе ви го потврдат токму спортивното.

Сите имаат 50+ години и неверојатно добар вкус за мода, па сигурни сме дека фотографиите ќе ве воодушеват. 

Инаку, зад фотографиите се потпишува Ари Сет Коен, кој издаде и книга со наслов Advanced Style: Older & Wiser, во која се наоѓаат токму улични фотографии од возрасни личности, од градовите ширум светот.

Уживајте во фотографиите и приказните:

Ричард и Керол

Уметниците Ричард Кармер и Керол Маркел секогаш ја изразуваат својата љубов преку колоритни и координирани комбинации.

“Ние мора да сме сродни души штом сме заедно 45 години. А за да биде така, на животниот пат сме влијаеле еден на друг. Секогаш е забавно кога треба да избереме што ќе носиме, а особено кога ни претстои нова авантура“

Барбара и Вејн

Барбара и Вејн Чапман се заедно 48 години, и го споделуваат рецептот за долга љубов.

„Мора да имате заеднички интереси, секако и почит еден кон друг, но и нешто во што ќе уживате и двајцата. Ние конкретно, уживаме во рачната изработка. А кога ќе дојдат тешки времиња во односот, морате да научите да простувате. Кога подобро ќе изанализирате на крајот, ништо не е толку вредно за двајца што се сакаат да се отфрлат еден од друг. А како минува времето, љубовта сè повеќе расте“. 

 Ен и Бил

Ен и Бил се запознаваат на плажа во 1984 година. После безмалку две недели, Бил ѝ кажува на Ен дека тој знае дека ќе се земат. Во август истата година се венчаваат на Хаваи. Оттогаш се заедно 32 години. Велат, не одело секогаш како „подмачкано“, но било стабилно и солидно.

„Вистинска искреност, без „добрите“ лаги или изговори. И да се научи уметноста на компромисот. Секако, морате и да се почитувате и да ги почитувате разликите на другиот. Тие сме што сме. Во нашата врска многу помогна и тоа што го сакаме хуморот, па често се смееме и своја и на меѓусебна сметка. А второт, имаме куќа исполнета со животинчиња - седум кучиња и папагал. Годините носат слобода. Пензионирањето носи мирен живот и физичка енергија во која можете да уживате. Барем еднаш дневно еден од нас спомнува колку сме среќни. Имаме одличен живот заедно и го знаеме тоа“

 

Бил и Ева

Бил и Ева се во брак 42 години. Тој е Афроамериканец, а таа е од Германија. Се запознаваат на работното место, во компанија во Менхетен. Тој тогаш има 27, а таа 21. 

„Нашата средба беше судбинска, но стилот и личноста кај другиот беше тоа што предизвика привлечност веднаш. Стилот и креативноста секогаш имале големо влијание во нашата врска. И двајцата си даваме предлози за тоа како да изгледаме и навистина се трудиме. Ја сакаме уметноста, музиката, дизајнот, фотографијата, патувањата... Ја „проширивме“ нашата љубов до уметност на себе-експресија. Во еден однос мора да бидете посветени, особено на решавањето на проблемите и на компромисот.

Меѓусебно си ги почитуваме мислењата и не доминира никој. Верувавме во нашата врска, во тоа дека секогаш може да се најде решение за несогласувањата. Се охрабруваме и фокусираме на квалитетите, заедничките цели и никогаш не забораваме да се забавуваме! Секој од нас има комфорна зона, која другиот ја прифаќа и почитува. Си даваме простор. Но, нема некоја тајна за успех. Секоја двојка е различна и можеби други нешта функционираат за други луѓе. Ние продолжуваме да се дотеруваме и да излегуваме на состаноци. 

Барбара и Стенли

Барбара и Стенли се многу долго заедно, но велат никогаш не ги бројат годините, ниту пак се отповаруваат со бројките.

„Ние цел живот имаме врска на далечина, но прекрасна врска. Има нешто што се вика телефон и се слушаме можеби и по 20 пати дневно. Разговараме некогаш и до четири часот наутро. Кога сме заедно, имаме еден свој интимен свет. Бидејќи сме навикнати на таков живот и нашиот рецепт за успешна врска е токму тоа - далечината. Ние живееме во други градови, држави, но можат да бидат и различни квартови, начини на живот. Но, тоа е интересното, и кога сте заедно можете да го испробате начинот на живот на другиот. Еден на друг сме си најдобри пријатели. Можеме да си кажеме сè!“

 

Објавено:
14 февруари 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.176 пати
Тагови: 
љубов мода 50+