Мајката на Енрике Иглесијас – убавица која и денес освојува

31 јануари 2018

Пејачот Енрике Иглесијас и Ана Курникова ја изненадија јавноста со веста дека станаа родители на близначиња.

Како познати личности што одлично го чуваат својот приватен живот од окото на јавноста, успеаја до крај да останат доследни на таа одлука.

Освен фотографиите од нивните Инстаграм профили и тоа дека се викаат Николас и Луси, ништо друго не беше познато.

Дел од деталите откри мајката на пејачот Исабел Прејслер, која неодамна беше и на насловната страна на шпанскиот магазин „Hola!“. Повод беше токму раѓањето на внуците.

„Ана не ја криеше бременоста. Немаше зошто. Но, таа води многу едноставен живот и е домаќински тип на жена. Бременоста ѝ беше нормална и здрава. Не мораше да се одмора или да лежи во ниту еден момент. Сè беше одлично. А Енрике е пресреќен со новата улога што ја има.“, вели Исабел во интервјуто.

Исабел и Енрике

Инаку, Исабел и таткото на Енрике, Хулио, беа во брак седум години, а од таа љубов освен пејачот (крстен по најстариот брат на Исабел), се родија и Исабел Чабели Иглесијас и Хулио Иглесијас Џуниор.

Хулио и Исабел

Исабел отсекогаш била вистиска убавица, а така е и сега, кога има 66 години. Како тинејџерка ја освојува титулата „Мис на Филипини“. Нејзиниот став, грациозност и убавина биле мошне маѓепсувачки за мажите, тоа го потврдуваат сите што ја знаат. Нејзините родители дури морале да ја испратат од Филипини во Шпанија, за да може да ги заврши студиите, без влијанијата и интересирањето од разни момчиња.

Близок пријател на Прејслер, колумнистот Морис Аркаш, пред две години за магазинот „Inquier Lifestyle“, ќе открие детали од нејзиниот живот.

„Таа изгледаше прекрасно на фотографии, но уште повеќе во живо. Нејзините очи светеа кога ќе се насмееше. Имаше шарм на вистинска дама. Мажите едноставно се вљубуваа во неа. Уште од тинејџерските години имаше армија обожаватели“, вели тој.

Но, тоа не се смени ни подоцна. Нобеловецот Марио Варгас Љоса ја напушти својата сопруга после 50 години заедништво, само за да биде со неа. Ѝ објаснил на сопругата Патриција дека „Исабел не е минлива авантура, како другите“.

Исабел и Љоса

„Морам да бидам со неа, бидејќи немам многу време“, ќе изјави пред две години Љоса, кој сега има 81 година.

Прејслер изгледа исклучително младолико, а романската со Љоса доаѓа како мелем на рана после смртта на нејзиниот трет сорпуг, Мигуел Бојер, инаку поранешен министер за финансии на Шпанија.

Загубата ја поднела лошо, велат пријателите, паднала во депресија, а од бракот со Бојер ја има ќерката Ана. И самата Исабел ќе каже дека тој конечно ѝ ја донел стабилноста што ја сакала во бракот и семејството.

Исабел и Бојер

Врската со Љоса ѝ донела пак, повторно волја за живот.

Претходно била во брак со Карлос Фалко ака Маркез де Грињон (1980-1986), а потоа и со Хулио Иглесијас.

Љубовта со Иглесијас ќе трае седум години. Кога се запознаваат тој сè уште не е познат пејач. Но, е доволно атрактивен и Исабел го гледа како предизвик. Но, тој предизвик потоа ќе стане причина за разводот.

Хулио и Исабел на венчавката

„Таа се вљубуваше многу пати. Но, тој уште повеќе од неа. Ми пиша, го оставам Хулио, не можам да издржам повеќе. Од старт знаеше каков е, но мислеше дека може да го смени. Нејзината мајка беше против разводот, како и остатокот од Шпанија. Но, таа велеше: „Тоа е мој живот. Не ми е гајле што ќе речат другите. Нема да си го трошам животот на овој маж!“ “, се присетува колумнистот.

Тоа ќе го потврди и нивната ќерка Исабел или како што нагалено ја викаат, Чабели.

„Татко ми беше голем женкар. Тоа е негов живот и си ветив дека никогаш нема да се мешам. Но, знаев дека за себе секогаш ќе барам некој што не е како него. Од друга страна, кога имате мајка која е прилично ангажирана во социјалниот живот и речиси никогаш не ја гледате, се чувствувате како да не сте важни. Знаев дека кога ќе имам свое семејство секогаш ќе се трудам да биде сè спротивно на тоа – ќе каже во интервју од 2013 година.

Хулио со трите деца

Инаку, Исабел во 2006 година ќе ја прими наградата „Women Together Award“ заедно со Хилари Клинтон, Јоко Оно и Шакира за нивните филантропски придонеси, што е само еден показател за нејзината влијателност.

И нејзиниот стил е беспрекорен и секогаш дамски, како што доликува и на нејзината појава. На 66-години има изглед на кој може да ѝ позавидат многу помлади жени.

Уверете се и сами:

Објавено:
31 јануари 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.790 пати