Македонците остануваат вљубеници во популарната белетристика

16 јануари 2014

И новата, 2014 година се чини дека ќе мине во знакот на белетристиката. Како и изминатите години, така и оваа новава, од полиците на Матица најбрзо ги снемува делата од ќошето - популарна белетристика.

Македонците се сосема убедливи во намерата да бидат во чекор со светските љубители на книги, па така воопшто не изостануваат зад вљубениците во хероите од, во моментот познатите трилери, или пак љубовните романи.

Постпразнично тие сакаат да читаат нешто што ќе им го оттргне умот од секојдневието. Како што можевме да видиме и самите, тие во светот на книгите го бараат она што им недостасува во секој еден обичен ден, а тоа е - возбудата!

Токму поради тоа, тие непрестајно бараат да се вртат на „Рингишпилот“ на српската авторка Јелена Бачиќ Алимпиќ, обожаваат да читаат за „Љубовникот на куртизаната“ од Габриела Ким или да одат „На бал со кралот“ со Розалинда Лејкер. Но сепак, од Матица велат дека омилената меѓу омилените е „И планините одекнаа“ на беспрекорниот Халет Хосеини.

na-bal-so-kralot

Станува збор за роман што ги украде срцата на многумина. Авторот на романот на единствен начин раскажува една повеќегенерациска семејна приказна која се занимава со браќата и сестрите и начинот на кој тие љубат, повредуваат, почитуваат и се жртвуваат едни за други.

Македонските автори воопшто не изостануваат зад светските и балканските кога станува збор за побарувачката на добри дела. Напротив, тие се подеднакво барани како светските автори со нивните одлични дела.

На македонските вљубеници во книгата, Дарко Марковиќ им нуди еден поинаков Балкан и тоа ни повеќе ни помалку, туку „Балкан во Лондон“ како една од одличните и најбараните приказни за изминатава, па и оваа година.

Покрај него, една од книгите што одлично помина кај македонските читатели е и „Пристапната беседа на академик Сисое“ од Блаже Миневски, книга во која се собрани сите раскази од авторот од последните 10 – тина години.

Сосема интригантна и книга што не ви дозволува да ја оставите, е и „Посмртната венчавка“ на авторот Паскал Гилевски во која тој раскажува трогателна семејна драма доживеана по Граѓанската војна во Грција.

Без разлика на тоа што и да одберете, нема да погрешите. Сосема различни, а подеднакво добри, вкупно 300.000 дела од понеделник ќе ве чекаат во Матица на нивниот традиционален Саем на книга.

Во просториите на нивната книжарница ќе може да се разгалите со сосема нови и веќе добро познати дела од светски и домашни автори и на дури 80 проценти попуст.

Одберете си нешто само за вас и уживајте во добрата литература со шолја чај, бидејќи како што Марк Твен вели – добрите пријатели, добрите книги и чистата совест се карактеристиките на идеалниот живот!

Објавено:
16 јануари 2014
Категорија: 
Стории