Враќањето на 1970-тите во женската мода апсолутно ги опфати сите модни брендови и се наметна како водечки тренд.
Но, како би поминале 1970-тите во машката мода? Рекламните кампањи кои датираат од тој период сликовито го пренесуваат тоа. Лудите или весели 1970-ти, кој како сака да ги нарече, не изгледаат толку привлечно за мажите, па веројатно дека оваа декада ќе ја заобиколи машката мода, особено онаа уличната. И тука не мислиме на 1970-тите како инспирација, со имплементирани детали, туку на целосни стајлинзи од тој период.
Пончо во интензивни бои со шарени фармерки или панталони се нешто што не би можеле денеска да го замислиме на нашите другари, партнери... Но, она што мора да се признае е дека оваа дека несомнено е една од најживописните.
И бидејќи фотографиите најдобро сведочат, погледнете ги овие во продолжение. Ако жените ги обожаваат, 1970-тите сигурно не се на листата на омилени години кај мажите, кога е модата во прашање...