Модата како филозофија на живеење

28 мај 2013

Модниот стил иако не е пресуден фактор во животот, сепак емитува сигнали на околината за тоа кои сме, што сакаме, кои се нашите желби и очекувања. Првобитниот впечаток кој за многумина е важен, се формира благодарение на индивидуалниот моден вкус. Позитивната порака се испраќа секогаш кога знаеме добро да ги склопиме парчињата, знаеме да ги понесеме и најважно – се чувствуваме комотно или исполнето во нив. Денес владее мислење дека добриот стил може да се изгради само ако имате добра финансиска основа, но не е така. Добриот стил не се однесува само на надворешниот изглед, туку и на внатрешната убавина која ја поседуваме, харизмата, самодовербата, енергијата и свесноста дека вредиме како личност. Модата е уметност, игра без граница, способност и желба со облеката и аксесоарот да си „играме” на начин кој нас ни одговара, модата е класика и тренд истовремено...

Коко Шанел

-          Облечете нешто што не е квалитетно и сите ќе ве паметат по фустанот кој сте го носеле, облечете се квалитетно  и луѓето ќе ве паметат вас.

-          Не разбирам како може жената да излезе од домот и воопшто да не се среди, ако за ништо друго барем од љубезност. Освен тоа, никогаш не се знае. Можеби тој ден ќе се сретнете со вашата судбина, па сигурно би сакале да изгледате колку што е можно поубаво.

-          Најдобрата боја во светот е онаа која добро изгледа на вас.

-          Црната боја има се, а белата и премногу. Нивната убавина е апсолутна.  Тоа е совршена хармонија.

-          За да бидете незаменливи, секогаш морате да бидете различни.

Ив Сан Лоран

-          Со текот на годините научив дека најважното нешто за фустанот е жената која го носи.

-          Модата поминува, стилот е вечен.

-          Неколку пати повторував дека би сакал јас да бидам тој кој ги измислил фармерките – најспектакуларно и најпрактично парче облека. Фармерките го одржуваат сексапилот, едноставноста и префинетоста, сето тоа кое сакам да го претставам со своите колекции.

-          Жените не би требало да ја менуваат својата облека секои шест месеци. Треба да бидат во можност да користат одредени парчиња кои веќе ги поседуваат и на нив да им додадат нешто ново,бидејќи тие парчиња облека може да се безвременска класика.

-          Нема ништо поубаво од голо тело. Најубавото нешто кое жените може да го стават на себе се рацете на саканиот, но доколку го немаат, тука сум јас.

-          Најубавата шминка за жената е страста. Но, козметиката многу полесно се купува.

Карл Лагерфелд

-          Жената никогаш не е премногу или премалку облечена кога носи мал црн фустан.

-          Модата не е морална или неморална, таа е измислена за подигање на моралот.

-          Тренерките се знак за предавство. Ако си купил тренерки, значи дека си изгубил контрола врз животот.

-          Жената е најсовршената кукла во цел свет, која ја облекувам со воодушевување и восхитување.

-          Би сакал секој да го облекува тоа што го сака и да го комбинира на свој, автентичен начин. Тоа за мене значи дека е модерен.

-          Луксуз е кога со леснотија носите и најобична маица и гламурозен фустан.

Кристијан Диор

-          Никогаш не можеш да претераш во размислувањето кои чевли ќе ги носиш. Многу жени мислат дека чевлите не се важни, но тие се доказ дека жената е елегантна.

Келвин Клајн

-          Едноставноста е ултимативна имагинација.

Кристијан Лубутан

-          Суштината на мојата работа не е да ги задоволувам жените, туку мажите.

-          Правам чевли за жени кои одат на ручек, но на „валкан” ручек, каде зборуваат само за мажи.

-          Кога жена купува чевли никогаш не гледа само во нив. Станува и се гледа во огледало, ги гледа градите, задницата, па странично итн. Доколку и се допаѓа како изгледа, потоа може да размислува за купување на чевлите.

Објавено:
28 мај 2013
Категорија: 
Стории