Моден манифест на женската слобода

12 јули 2017

Никогаш нема да ни е доволно од мини здолниште. Уште од далечната 1960-та година мини здолништето е симбол на женската слобода.

Дизајнерите како Мери Квант, Ив Сен Лоран, направија вистински манифест од феминистичкото движење преку нивните дизајни.

За време на тие променливи денови во 60-тите години од минатиот век кога речиси се беше исполитизирано, Диор одби да има мини здолништа на неговата ревија и група на жени формираа движење наречено „Британско друштво за заштита на мини здолништа“, протестираа со транспаренти се со цел да се оддржи слободоумноста во облекувањето на младата жена.

За време на 90-тите години Кејт Мос, Синди Крафорд и Наоми Кембел ја продолжија оваа традиција. Оваа револуција за одржување на мини здолниште се смета за една од најпрогресивните .


Мери Квант ќе каже: Жената е млада колку што и се млади колената.

 

Објавено:
12 јули 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
219 пати
Тагови: 
мини здолниште
Извор: 
google images