Модните дизајнери со оригинални идеи за уредувањето на своите новоотворени продавници

7 декември 2013

Предновогодишната еуфорија веќе ја чувствуваме, а Новата Година е на прагот. За модните дизајнери тоа е дополнителен мотив во што покреативно светло да ги дефинираат своите изложбени салони. Згора на тоа, тие не почестија и со новоотворени продавници во повеќе светски метрополи.

 

Кристијан Лубутан Кристијан Лубутан

 

На 4 декември, Кристијан Лубутан отвори нова продавница во Аојама, Токио. Во продавницата ќе се најдат колекции на машки и женски чевли, како и чанти и модни додатоци за жени и мажи. Ова е седмата продавница во Јапонија, од вкупно 81 продавница што овој бренд ги има на глобално ниво.

 

Кристијан Лубутан Кристијан Лубутан

 

Внатрешниот дизајн е базиран на „212box“. Кристијан Лубутан работел со архитектот Ерик Клог и заедно го селектирале мебелот и декоративните елементи. Металните плочки комбинари со африканско дрво и природен камен  во разни бои се дело на креативната фантазија на Лубутан, а инспирацијата е од патувањето во Мароко. Надворешната реклама е во црвена боја која одговара со црвените килими послани во продавницата, а пространите прозорци се симбол на градот на светлината Париз. Мебелот во родавница е во геометриски и заоблени форми кои се карактеристични за стилот на овој дизајнер.

 

Кристијан Лубутан Кристијан Лубутан

 

Дона Каран, пак, работи напорно за да го промени начинот на кој клиентите купуваат. Преку нејзиниот најнов потфат, американската модена дизајнерка користи уникатни занаетчиски предмети од целиот свет со цел да создаде една нова визија во поглед на внатрешниот дизајн. Имено, изминатиов викенд Каран ја отвори својата нова продавница која се нарекува Urban Zen Center и се наоѓа во Њујорк.

 

Дона Каран Дона Каран

 

Во просторот, купувачите ќе можат да најдат стотици ралични елементи во продажба, од кои повеќето се рачно изработени, вклучувајќи различни видови и модели на накит и чанти, но и дрвени куклени куќички, мебел и килими.

 

Дона Каран Дона Каран

 

Роберт Грахам го најави отворањето на неговата прва продавница во Њујорк. Новата продавница ќе опфаќа 1260 квадратни метри и во неа ќе бидат изложени сите машки спортски колекции, премиум деним колекциите, модни додатоци, како и женската спортска колекција. Брендот има 11 продавници низ САД, а оваа во Њујорк е прва и дванаесетта во низот, факт поради кој дизајнерот е многу задоволен. Инспирацијата за ентериерот е преземена од винтиџ изгледот на градот Њујорк и предградието каде е отворена самата продавница.

 

Роберт Грахам Роберт Грахам

 

Потрошувачите ќе бидат најмногу изненадени од многубројните антиквитети кои не вклучуваат само предмети, туку и облека. Ѕидовите се изработени во fauxtin техника, тоа се еден вид дизајнирани лимени плочки кои се рачна изработка, за осветлувањето се користени  LED специјално дизајнирани светилки,  за завесите и мебелот користени се мат бордо и кафени нијанси на бои, а од материјалите најмногу е користено кадифето кое е рачно везено и свилени завеси кои се специјално креирани за Роберт Грахам. Особено внимание привлекуваат куферите кои ги има насекаде низ продавницата и се во винтиџ стил, а дизајнерот ги купувал од своите патувања и сега решил да ги вметне во внатрешниот дизајн токму на оваа продавница. Целиот простор дише во духот на Индија и пулсира со многу енергија и уметност.

 

Роберт Грахам Роберт Грахам

 

Гучи отвори своја продавница во Бреша, Италија, на улицата Грамши на површина од 400 квадратни метри. Можеби во оваа продавница нема Дедо Мраз да дава подароци, но затоа брендот реши да ги изненади своите клиенти и затоа им печати метални плочи на кои сите посетители можат да си го напишат нивното име или името на некој кој им значи и на тој начин да креираат оригинален подарок за себе или своите сакани.

 

Гучи Гучи

 

Продавницата која се отвори вчера има три ката, а во неа можат да се најдат колекциите за мажи и за жени. Интересен сегменте што во неа покрај изложените колекции,  на лице место може да се види како занаетчии изработуваат, чанти, паричници и други модни додатоци, а и целиот ентериер е во духот на занаетчиството на едно време, кое почива врз италијанските традиционални вредности и начини на кои се изработувале облеките и додатоците.

 

Гучи Гучи

 

Гучи се реши да го воведе овој концепт во својата продавница со цел да им даде подршка на занаетчиите и нивната работа чиј број значително опаѓа како резултат на напредокот на технологијата. Естетскиот концепт на продавницата содржи и голем број огледала, бронзени и стаклени украси, лакирани дрвени детали и други елементи кои целосно потсетуваат на античкото време.

 

Кет Кидстон Кет Кидстон

 

Кет Кидстон пак понуди една сосема нова идеја по повод отворањето на истоимената продавница во Пикадили во британската престолнина.  Нејзина нова опсесија се гулабите кои станаа заштитен дезен на продавницата која се протега на површина од 143 јарди или 131 метар квадратен.

 

Кет Кидстон Кет Кидстон

 

Таа толку ги обожава гулабите што пред врата на самата продавница ќе ве пречека плетен гулаб чие име е Пит, а и патот кој води до влезот има графити од стапки на гулаби. Целиот ентериер е со принтови од гулаби, а мебелот на кои се изложени нејзините предмети кои ги изработува е главно практичен и едноставен. Имено се работи за дизајни, модели и украси кои служат за декорирање на домот.

 

 

 

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Стории