Модните патувања на Fashionel во 2014

15 декември 2014

Годината која изминува, низ содржините на FASHIONEL.mk можевте да прочитате голем број интервјуа со успешни личности надвор од нашата земја, познати на интернационалната публика, а кои ги поврзува модата како една сфера на уметноста. Исто така со вас споделивме и искуства од нашите патувања на повеќе модни настани и случувања, надвор од Македонија.

Потврдивме дека регионалните и светски имиња не се недостижни доколку им се пристапи професионално, а тие тоа го почитуваат и одвојуваат дел од своето време за одблиску да ги запознаеме професионално и со македонската публика.  Ова го аргументираме со низата соработки со профили од модната, музичката и филмската индустрија, различните сфери на културата и уметноста, за кои имавте можност да читате низ нашите содржини изминатите дванаесет месеци. 2014-та година беше  исклучителна поради тимската сатисфакцијата благодарение на новите  искуства, а најмногу поради повратниот позитивен ефект од читателите за сработено, кој преставува вистинскиот мотив  за тежнеење кон подобро во уште поголем интензитет.

Fashionel во Милано Fashionel во Милано

Навраќајќи се кон она што го реализиравме, како особени значајни ги издвојуваме и се потсетуваме на непосредните искуства од доживувањето на уличната мода во Милано. Директно од италијанската престолнина ви ги донесовме изгледите на најдобро облечената нација.

Fashionel во Виена Fashionel во Виена

Освен Милано, трасата ја насочивме и кон Виена од каде ги споделивме доживувањата да се присуствува на престижниот хуманитарен бал „Dancer against cancer“ што се одржа во импресионирачката историска палата Хофбург.

Fashionel во Будва на Вивијен Вествуд Fashionel во Будва на Вивијен Вествуд

Патувањата не застанаа тука, особено исклучително беше и проследувањето на ревијата на познатата  панк- баба Вивијан Вествуд во Будва, од каде  директно го пренесовме присуството  на ревија од светски ранг.

Ивана Муришиќ Ивана Муришиќ

Посетата на Будва ги прошири нашите контакти кои понатаму продолжија и во професионални соработки. Па така, токму оттаму ви ја раскажавме модната приказна на црногорската дизајнерка Ивана Муришиќ.

Геновева Кристоф Геновева Кристоф

Бариерите не беа случај ниту во посредното остварување  контакти со многу дизајнери, стилисти, пејачи и актери, а меѓу нив се потсетуваме на интервјуто со дизајнерката Геновева Кристоф  која е успешно позиционирана на американскиот моден пазар. Ресенчанката Геновева од САД за Fashionel  ги раскажа своите професионални патеки во градењето кариера на њујоршките модни писти.

Тамара Милановиќ Тамара Милановиќ

Музичкото шоу Икс Фактор беше исклучително популарно оваа година.  Fashionel ексклузивно ви ги пренесе најинтересните моменти од шоуто, a  разговаравме и со балканската миленичка Тамара Милановиќ.

Ивана Рабреновиќ Ивана Рабреновиќ

Интервјуто пак, со стилистката на Даниел Кајмаковски, Ивана Ребреновиќ, беше надоврзување на атрактивноста на регионалното шоу и модно инволвираните личности во него.

Мирела Приселац Реми – Елементал Мирела Приселац Реми – Елементал

Fashionel ги сподели и уникатните ставови за модата, музиката, но и воопшто за животот  на особено талентираната вокалистка од популарниот хрватски состав Елементал.

Катерина Гата Катерина Гата

Ја имавме честа да реализираме интервју и со италијанската дизајнерка Катерина Гата, чија популарност јасно ја поставија и реномираните модни магазини како:  Elle,Vogue, Harper’s Bazaar, Glamour, W Magazine.

Јелена Вишниќ Јелена Вишниќ

2014-та година се покажа како доста успешна и за убавата белградска блогерка Јелена Вишниќ, чии сопствени стајлинзи од блогот Diotima ја однесоа на страниците од светските модни магазини, кои ја избраа за најдобро облечена блогерка на годината. Јелена меѓу сите разговори со светските модни новинари, издвои време и за читателите на Fashionel.

Милан Васиќ Милан Васиќ

Актерот кој го познавате најмногу по претставата „Певај брате“, Милан Васиќ,  ја прифати понудата да даде одговори на нашите прашања каде говореше за професијата, модата и љубовта кон Македонија.

Ивана Пиља Ивана Пиља

Учеството на регионални дизајнери на изминатиот моден викенд исто така го искористивме да поразговараме и со  авангардната дизајнерка Ивана Пиља чии креации ги освоија Лили Ален, Палома Фејт, Дита фон Тис, а и самата ни потврди дека токму тие, светските ѕвезди не се недостижни.

TK Wonder TK Wonder

И енергичната неповторлива харизма на њујорчанката TK Wonder,  се најде низ нашите содржини од рубриката за интервју. Нејзината посета на Скопје ја искористивме директно да се запознаеме со неа и да ви ги пренесеме нејзините ставови за модата, музиката, третманот од публиката во Македонија, како и да бидеме почестени со фотосесија.

Ѓуле Ван Гог Ѓуле Ван Гог

При посетата на Скопје не го пропуштивме и разговорот со фронтменот на српскиот рок состав Ван Гог. Тогаш Ѓуле ни откри дека сите аксесоари кои ги носи на себе не му се украс,  туку емотивен потсетник од животот.

Дејна Вилијамс Дејна Вилијамс

Музичарите беа наши чести соработници, а меѓу нив од неодамнешните интервјуа се потсетуваме и на она со младата пејачка од Лос Анџелес, Дејна Вилијамс, ќерка на гитаристот на Мајкл Џексон,  која говореше за клучните нешта што го прават животот посебен.

Доколку сте пропуштиле да ги прочитале овие интервјуа, сега е моментот да ги погледнете, но нема да биде залудно потрошено време и ако се потсетите на истите. Fashionel  и за наредната 2015 година ви ветува уште многу вакви интернационални соработки кои се надеваме ќе ги исполнат вашите очекувања.

Објавено:
15 декември 2014
Категорија: 
Стории