Музите на Ив Сен Лоран

29 март 2017

Авторот на есенцијалната фраза „Модата минува, стилот е вечен“, големиот Ив Сен Лоран, човек кој ја смени модата во втората половина од 20-от век, е лик чие име е веќе со митолошки размери.

Тој ќе успее да ја прилагоди женската мода на ниво на идентификација и легитимитет. Сен Лоран отсекогаш бил чувствителен човек, точен, прецизен,п ерфекционист, секогаш во друштво со неговиот партнер Пјер Берж, но и со избрано мало друштво кое тој многу го претпочитал.

Почнувајќи ја својата кариера на 18 годишна возраст во Диор и тоа како дизјанер на ентериерот во самата модна куќа, дизајнирајќи патем и некои модни додатоци, но само три години подоцна кога Кристијан Диор ќе стане креативен директор го препознава талентот и суптилноста на младиот Лоран и тој ја почнува својата светска кариера.

Прв ќе ги скрши условно правилата на високата мода создавајќи баланс помеѓу комфортот, модата и фантазијата. Автор е на панталоните кои даваат опуштеност и елеганција во исто време, кратки панталони. Кога тој ќе го создаде својот личен потпис и бренд, се „хранел“ од своите музи попатно давајќи им значење како во приватниот така и во професионалниот живот.

Лусиен Сен Лоран неговата мајка е неговата прва муза преку која ја идеализирал елеганцијата, а која пак таа од друга страна му наметнала преку нејзиното воспитување чувство за естетика како и посебна љубов кон жените кои секогаш треба да ја носат во себе елеганцијата.

Кетрин Денев е неговата вечна муза, блиска пријателка и инспирација во 60-тите години од минатиот век. Дизајнирал и за нејзините филмови, настапи, појавувања.


Лулу де Ла Фалас е музата која и му била негова десна рака за време на неговото творештво. Лулу е ќерка на грофот де Ла Фалас, која пак еден дел од својот живот работела и како модел во тимот на Елза Скјапарели. Лулу била позната по својот единствен шарм, елеганција, женски боем. Работела триесет години дизајнирајќи накит.

Талита Пол Гети, сопруга на милијардерот Џон Пол Гети, модна икона, амбасадор на дизајнот на Лоран. Тие двајца поминувала многу време заедно во вилата на Лоран во Мороко.

Бјанка Џегер, првата жена на Мик Џегер на својата венчавка била облечена во костум кој го дизајнирал Лоран.Таа била и инспирација за неговата линија сандали наречени "the Bianca".


Бети Катрукс е модел со најдолгите нозе и најверна негова пријателка. Велат дека биле поврзани како близнаци. Исто како и Лоран и таа имала пробелм со опијатите .


Катуча Ниане била топ модел во 80-тите години. Лоран препознавајќи ја нејзината непосреднос на модната сцена и привлечен од нејзината егзотичност, ќе биде значаен дел од неговиот живот.

Палома Пикасо, ќерката на големиот Пикасо ќе го сретне големиот дизајнер на едно од нејзините патувања во Париз. Таа дружејќи се со него ќе почне самата да дизајнира накит за него и ќе биде носител на првиот дизајн накит под негова закрила со монограмот YSL.


Летиција Каста е последната негова муза која емотивно ќе биде и последниот модел на неговата последна ревија каде сите ќе го наречат Принцот на модата.

 

Објавено:
29 март 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
350 пати