Најдобрите продавници за машка облека

17 август 2013

За разлика од жените, повеќето мажи и не се некои големи шопинг фанатици. Но, од друга страна факт е дека овој тренд веќе се менува и се повеќето мажи сакаат да вложат во својот изглед.

Во продолжение ви издвојуваме неколку популарни шопинг дестинации кои сепак мажите уживаат да ги посетуваат што секако се должи на комплетниот амбиент, понудата и квалитетната услуга.

Еве како менаџерите ги анимираат нивните клиенти:

 

Lisa Kline, Men Лос Анџелес

 

Lisa Kline Men, е продавница за мажи која се наоѓа на Бул. Робертсон во Лос Анџелес, каде најдобро продавани парчиња облека за мажи се џемперите од кашмир, маичките и фармерките. Тие имаат и своја политика на услужување на клиентите, како и нивно опуштање после напорниот ден. Програмата е зачинета со видео игри, филмови и програми кои се следат на плазма екраните седнати во удобна фотеља, а има и бар каде се послужуваат освежителни пијалаци.

 

Lisa Kline, Men Лос Анџелес

 

„Happy hour има секој ден. И воопшто не нè чуди ако некој од клиентите дојде во петок или сабота наутро и ни побара Bloody Mary, додека го разгледува каталогот“, вели одговорниот менаџер на продавницата Ерин Фрил.

Сопственичката на овој ланец продавници вели дека мажите се плашат од продавниците, се плашат да влезат во нив  и да купуваат. Lisa Kline Men направи нешто подобро и поинтересно за нив. Сега имаат свое катче каде се чувствуваат удобно, се дружат и шопингот не го чувствуваат како терет, туку како уживање.

 

Chagrin Falls, Охајо

 

Сместена во шармантна градска куќа, во објект кој датира од 1800 година, а нуди широк асортиман на луксузна облека како за мажи така и за жени, продавницата Chagrin Falls во Охајо, обезбедува целокупно шопинг искуство. Покрај високиот квалитет кој го поседуваат нивните парчиња облека на своите клиенти им нудат вински бар со дегустација и личен домаќин кој ги послужува клиентите, а тоа е лично сопственикот Роџер Ковал. Во продавницата има и уметничка галерија и импозантна колекција на вино и шампањ.

 

Chagrin Falls, Охајо

 

„Иако генерално мажите не сакаат многу да купуваат и да трошат време на шопинг, сепак кога некој ќе им го привлече вниманието со чаша вино и опуштен разговор за уметноста на вкусовите и вината, веќе имаме друга димензија, која е во полза и за клиентите и за работодавачите“, вели Ковал.

 

Jimmy Au's Men 5'8 and Under, Беверли Хилс Калифорнија

 

Jimmy Au’s Men 5’8 and Under, во Беверли Хилс, Калифорнија е уште една продавница, која се стреми да направи нејзините клиенти да се чувствуваат удобно, без служење на алкохол. Секој дел и агол од 3200 квадратни метри големата продавница е совршено адаптиран за мали луѓе, целиот ентеиер е во помали димезии со цел клиентите да се чувствуваат удобно и комфорно, додека купуваат.

 

Jimmy Au's Men 5'8 and Under, Беверли Хилс Калифорнија

 

Џон Мекдауел, сопственик на Oslo’s продавница која се наоѓа во областа Queen Anna во Сиетл, има навистина креативен начин на кој ги опушта своите клиенти. Тоа е кралското бричење или фризирање, кое вклучува и маска од глина по бричењето.

 

Oslo's, Queen Area, Сиетл

 

Oslo's, Queen Area, Сиетл

 

Но дали сите овие привилегии ќе ја поттикне желбата кај мажите да потрошат и малку повеќе од вообичаено?

Ами Арад основач на On The Fly во Сан Франциско, апсолутно се сложува дека секоја инвестиција и малку „галење“ на клиентите вродува со плод. Неговиот имот од 4000 метри квадратни  е магазин на класична и традиционална машка облека. Кошули, вратоврски, панталони сакоа, се само дел од парчињата гардероба која може да се најде во неговиот склад.

 

On the Fly, Сан Франциско

 

„Самиот ентериер е она што ги привлекува мажите во мојата продавница, различното искуство, тоа е она што ги тера да купуваат. Момците имаат тенденција сами да го управуваат воланотбез никоја да им сугерира каде тие треба да возат, тие знаат кога да продолжат, а кога е доста. Многумина од нив доаѓаат само за забава, без да имаат потреба да купат нешто, а на крајот сепак не заминуваат со празни раце. Мажите не можеш лесно да ги убедиш како жените“, вели Арад.

 

On the Fly, Сан Франциско

 

On The Fly, има специфична програма за анимација на купувачите и потенцијалните клиенти. Имено сите членови на оваа продавница имата ексклузивна клуб картичка која им овозможува членство во автомобилскиот клуб на класични автомобили. Додека купуваат можат да свртат едно крукче со Ферари, Астон Мартин или Ламборџини. Магазинот за коли се наоѓа веднаш  до хангарот за облека. Во програмата влегува и пушачкиот салон каде клиентите имаат ретка можност со „лаф“ муабет да испушат и по некоја пура, или да изгледаат нешто на големите плазма телевизори.

 

On the Fly, Сан Франциско

 

Одеднаш, шопингот и не така здодевна и напорна работа.

 

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Стории