Омилената чанта на Лејди Ди

19 јули 2017

Обожавателите на Лејди Ди, како и оние што го анализираат нејзиниот стил повеќе од сигурно го забележале нејзиниот омилен моден додаток.

Се работи за легендарниот модел на чанта од модната куќа „Диор“, познат како „Лејди Диор“. Првпат е претставена во 1994 година, без било какво име, но сите го запаметија четириаголна елегантна форма, меката црна кожа и кратките златни рачки.

Но, веќе следната година во септември работите ќе се сменат.

Првата дама на Франција во тоа време, Бернадет Ширак ќе ги угости принцезата Дајана и принцот Чарлс, за време на изложба на слики, под спонзорство на групација LVMH. По тој повод Бернадет на Лејди Ди ќе ѝ ја подари култната црна „Диор“ чанта.

 

Дека принцезата се вљубила на прв поглед во ова модно парче, ќе покажат и бројните фотографии, кои сведочат за тоа дека Дајана речиси и да не се одвојувала од неа.

Ја носеше во посетата на сиропиталиштето во Бирминген, а и за време на официјалната посета во Аргентина. Тогаш на сите им е јасно дека тоа е омилената торба на Лејди Ди. Коментирајќи го тоа, чантата спонтано беше нарекувана „Лејди Диор“, како нешто го одбележува стилот на принцезата.

Во 1996 година, чантата и официјално го добива името „Лејди Диор“, со што ќе се согласи и Дајана, која до својата смрт останува нејзин најверен амбасадор.

Низ годините, голем број од познатите дами ќе бидат освоени од овој моден додаток. Карла Бруни, уште како манекенка, а потоа и како прва дама на Франција ќе стане исто така нејзин амбасадор, исто како и Дајан Кругер, Моника Белучи, Марион Котијар...

Во меѓувреме, освен црната „Лејди Диор“ доби и нови бои.

Инаку, еден од најпрепознатливите белези на чантата се кожените ромбоиди, инспирирани од столчињата од ерата на Наполеон Трети, кои Кристијан Диор ги користел во својот изложбен салон при претставување на колекциите во текот на 1940-тите години. Оригиналните модели имаат и втиснато име на брендот на рачките.

Иако во меѓувреме „Диор“ лансираше и други модели, ова сè уште е една од најпродаваните и најпосакуваните чанти од модната куќа и нејзин белег.

Објавено:
19 јули 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.651 пати
Извор: 
elle.rs