Какви подароци ќе добијат номинираните на годинашната манифестација

Оскари 2017: Органски јаболка за филмските ѕвезди

18 февруари 2017

Кој има – пак си има! Вчера зборувавме за Оскарите низ бројки, меѓу кои и дека номинираните и водителите секоја година добиваат торба со подароци. Годинашната е во вредност од 338.000 долари и вклучува речиси сè што можете да си замислите – од кармин до патувања.

Инаку, за содржината на „вреќичката“ е здолжена агнецијата „Distinctive Assets“, која остварува договори со компаниите што сакаат да ги зајакнат своите брендови и на тој начин ги составуваат подароците.

Па и тие што годинава нема да си заминат дома со „Оскар“ ќе си заминат со подароците што вредат речиси колку и самата статуетка.

Во продолжение погледнете ја целосната листа на подароци што ѕвездите ќе ги добијат годинава:

 

-Oomi Smart Home уред

Oomi Smart Home

-Haze Dual V3 уред

-Серум за кожа – Healing Saint

-Јаболка од органско производство

-Лични тренинзи со селебрити тренерот Алексис Селецки

органски јаболка

-BANGRANG коцка

-облека од брендот Belldini (плус-сајз)

-перници Casper

-хидрантен балсам за усни – Chap Stick

-бомбониера Drunken Fig Cake Bites

Drunken Fig Cake Bites

-рачно изработено чоколадо Chubby Chipmunk

-персонализирана кутија боички – Crayola My Way

-книга за деца Curlee Girlee

-фластери против потење – Dandi Patch

-лимитиран Elvie  уред за вежбање + мобилна апликација

-луксузни мици Hapiest Tee

-Hydroxycut Platinum

Jules K чанти

-луксузни, уникатни чанти Jules K

-производи за нега на кожа Lizora

-персонализирана домашна услуга на сомелиер од The Loving Soom

-комплет Medice foot care kits

-Mous fitness чаши

-Namira Monaco Pole Star Constellation приврзок и Brooch Fine накит

-Свежо набрани ореви од National Pecan Shellers Association

-Залиха за 10 години користење на Oxygenetix крема

-обетки Park and Buzz

-Reian Williams Fine Art

-јаворов сируп Rouge Marple

-SweetCheeks сет за антицелулитна масажа

-друштвена игра Watch Ya’Mouth

Woosh Beauty

-иновативен сет за мејкап Woosh Beauty

-дијамантски алки – YOGAJEWELEZ OM

-Goolden Door Spa третман

-ноќевање во Grand Hotel Excelsior Vittoria во Соренто

-ноќевање во Grand Hotel Tremezzo на езерото „Комо“

-Шестдневно патување на Хаваи, во Колоа Лендинг Ресорт

Koloa Landing Resort

-приватен тридневен престој на ранчот Lost Coast во Калифорнија

-сет за тренинг од American Heart Association CPR

Објавено:
18 февруари 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
279 пати