Оставете го детето да биде дете!

25 јули 2019

Воспитувањето на децата е еден од најголемите предизвици што ги имаат родителите и многу често се во недоумица како да постапат во одредена ситуација, особено ако се работи за прво дете.

Самодовербата е нешто што децата го градат во текот на животот, но од исклучителна важност е како родителите ќе им помогнат во тоа на самиот почеток.

babycouture

Познатиот психолог доктор Карл Пикард често има одлични совети за тоа како родителите да постапуваат при воспитувањето на своите деца и кои се грешките кои никогаш не смеат да ги направат за да не ја нарушат нивната самодоверба.

Дел од неговите супер совети ви ги пренесуваме во продолжение, а знаеме дека истите ќе ви бидат од голема помош во одредени ситуации.

-Ценете го трудот на детето без разлика дали тоа ќе изгуби или ќе победи, бидејќи децата никогаш не смеат да се почувствуваат посрамено поради нивниот труд. Постојаните обиди и трудот градат поголема самодоверба од самиот успех.

-Поттикнете ги да тренираат некој спорт за да ги развијат нивните способности и редовно да ги посетуваат активностите за кои се заинтересирани. Но, запомнете дека никогаш не треба да им вршите притисок.

skateboard_for_kids

-Дозволете му на детето само да ги реши проблемите, бидејќи ако секогаш се извинувате или завршувате нешто во нивно име, тие повторно ќе го направат истото. Не им дозволувајте постојано да добиваат петки ако вие им завршувате најголем дел од училишните задачи.

-Оставете го детето да биде дете и не очекувајте детето да се однесува како возрасна личност и не очекувајте постојано да се однесува како вас. Со тие нереални стандарди може само да му го обесхрабрите трудот.

-Поттикнете ја љубопитноста кај детето...Иако тие постојано поставуваат прашања, обидете се секогаш да им ги одговорите бидејќи на тој начин ќе го поттикнете да размислува.

popsugar

-Овозможете им нови предизвици и научете го дека со мали чекори и мали успеси ќе дојде до голем успех. Зголемете им ги обврските во домот, тоа е еден чекор до поголема самодоверба.

-Никогаш не однесувајте се кон своето дете поинаку од она како се однесувате кон другите. Посебниот третман секогаш ја намалува самодовербата.

-Никогаш не го критикувајте нивниот труд, со тоа само го обесхрабрувате. Дајте му некој предлог или некоја друга информација со која ќе му помогнете, но никогаш не му кажувајте дека прави нешто лош. Така никогаш нема да проба нови работи.

verywell_family

-Немојте да бидете премногу заштитнички настроени кон детето и дозволете му понекогаш да згреши за да го подобри пристапот следниот пат.

-Бидете отворени за нови искуства, бидејќи вие имате за обврска да го запознаете со новите работи на почетокот на животот.

-Учете ги она што вие знаете да го правите, бидете добар пример и инспирација за вашето дете. Тие постојано ве следат и гледаат како се однесувате и на крајот, сакаат да бидат како вас.

-Понудете им помош, но не премногу и често и гледајте тоа да биде „случајно“ кога некогаш сериозно ќе „заглави“ со задачата.

engineering_for_kids

-Секогаш пофалете ја нивната храброст со некоја мотивациона реченица како „навистина си храбар што ќе се обидеш да го направиш тоа“.

-Говорете им за грешките како прилика за учење, со тоа дополнително ќе ја развиете нивната самодоверба.

Инфо: Stil.kurir.rs

Објавено:
25 јули 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
287 пати