Ова е човекот чија крв спасила повеќе од два милиони бебиња

14 декември 2018

Во 1951 година на тогаш 14-годишниот Џејмс Харисон од Австралија докторите му кажуваат дека мора да оди итно на операција на градниот кош. Му се отстранува едното белодробно крило и останува хоспитализиран три месеци. За време на тешките моменти, Харисон дознава дека останал жив благодарение и на големото количество на донирана крв. Тоа предизвикало желба кај Џејмс и самиот да стане донор. Но, со оглед на тоа дека за таква активност е потребно да се има најмалку 18 години, тој чекал уште четири години за да го направи првото дарување на крв.

Но, бргу потоа докторите му кажуваат дека неговата крв може да биде клучна кај смртоносен здравствен проблем. 

„Во Австралија, до 1967 година умирале илјадници бебиња, а докторите не знаеле зошто. Тоа беа ужасни години. Жените имаа многу спонтани абортуси и предвремени породувања, а бебињата се раѓаа со мозочно оштетување. Сега е познато дека причината на овие ужасни работи била болест (Rhesys disease), односно состојба кога крвта на бремената жена почнува да ги напаѓа крвните ќелии на нероденото бебе. Односно, проблем настанува кога мајката има RH негатив, а бебето RH позитив - фактор“, вели Џема Фалкенмире од „Црвен крст - Австралија“.

Докторите откриле дека Харисон има ретки антитела во неговата крв и во 1960-тите работеле знаедно, создавајќи инјекција која помогнала во превенирање на посочениот проблем. 

Така, Џејмс дарувал крв во рамки на „Црвен крст - Австралија“, а според нивната статистика, за 60 години колку што е активен донор, неговата крв спасила милиони животи.

„Докторите немаат објаснување зошто Харисон има толку редок тип на крв. Нивната претпоставка е дека тоа има врска со трасфузиите што ги добивал кога имал 14 години. Околу 50 луѓе во Австралија ги имаат тие антитела, така што инјекциите и антителата од крвта на Џејмс спасиле многу животи, односно бебиња. Да бидам попрецизна, се работи за речиси 2.4 милиони“, објаснува Џема.

Токму затоа, Џејмс добива прекар „Човекот со златната рака“. Досега направил 1.173 донации - 1.163 од неговата десна и 10 од левата рака. 

„Понижувачки е кога ќе речат дека јас сум направил нешто или дека сум херој. Тоа е едноставно нешто што можам да го правам. Веројатно единствениот талент што го поседувам е токму тој, да бидам донор на крв. Јас би продолжил да го правам тоа, но веќе одамна го надминав лимитот“, вели Харисон за „Си-Ен-Ен“. 

Со цел да го заштитат неговото здравје, Џејмс веќе нема да донира крв, последната донација ја направи изминатиот петок. Но, поради тоа што несебично ја даруваше својата крв речиси 60 години, властите во Австралија го наградија со посебен орден во 1999 година.

На социјалните мрежи се огласуваат голем број мајки чии деца биле спасени токму благодарение на крвта на Харисон, а на последното дарување крв, друштво му прават дел од бебињата кои ја примиле инјекцијата (Анти Д), создадена благодарение на антителата во неговата крв.

 

Објавено:
14 декември 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
5.414 пати
Извор: 
boredpanda.com