Пирс Броснан: Мислев дека никогаш повеќе нема да сакам!

19 јуни 2018

Актерот Пирс Броснан (65) викендов ѝ беше поддршка на сопругата Кели Шеј Смит (54), која со филмот „Poisoning Paradise“ чиј продуцент е, зема учество на Интернационалниот филмски фестивал Сохо, во Њујорк.

Двојката претходно беше забележана на романтична вечера во еден њујоршки ресторан.

Нивната вљубеност и блискост е забележлива дури и на фотографиите, па не е за изненадување што важат за една од најскладните двојки во Холивуд. Честопати се нашле и на листата на нетипични холивудски двојки, поради тоа што Пирс важи за заводник, а Кели со изгледот отстапува од стандардот што Холивуд го наметнува. Но, со оглед на тоа дека се заедно 24 години, тие го покажуваат она што е вистински важно – љубовта, почитта и меѓусебната грижа.

Имајќи го предвид минатото на Броснан и трагедиите со кои морал да се соочи во животот, Кели за него ја враќа вербата во љубов и му открива сосема нов свет, па оттаму нивната љубовна приказна е навистина филмска.

Животот на Пирс Броснан не бил ни малку едноставен.

Неговиот татко го напушта семејството кога Броснан е новороденче. Останува да живее со мајка му во мало село во Ирска, но по извесно време таа ќе замине за Лондон за да најде работа, а тој останува да живее со роднини, а после неколку години и да дели соба во пансион.

„Со мене беа уште двајца станари, едниот работеше во фабрика, а другиот во пилана. Имав метален кревет со завеса околу него... Тоа беше моја соба, мој рај и мој простор. Одев во католичко училиште, каде ќотекот од монасите беше секојдневие. Одгледан сум како католик и секогаш ќе бидам, иако не ги поддржувам сите дејствувања на црквата. Се молам, одам на миса и исто така, верувам во живот после смртта и тоа е длабоко врежано во мене“, се присетува актерот во интервју за „Есквајр“.

Тој додава дека и покрај тоа што бил оставен сам на себе, го спасила имагинацијата и љубовта кон американските вестерни, кои ќе бидат виновни неговата идна кариера.

На триесетиеднагодишна возраст, неговиот татко се појавува повторно, но за кратко.

„Го запознав Том само еднаш. Поминавме едно неделно попладне заедно. Зборувавме за разни нешта и се поздравивме. Би сакал да го познавав. Знаеше добро да свирка со усните и имаше добар чекор... Ете толку знам за него“, вели актерот.

Тоа се случува во 1984 година, кога Броснан станува познат благодарение на улогата во филмот „ Remington Steele“.

Неговата кариера ќе оди во нагорна линија, а успехот ќе го споделува со љубовта на својот живот, првата сопруга Касандра Харис.

Пирс и Касандра 1986

Броснан и Касандра, австралијска актерка и поранешна Бонд девојка, се запознаваат преку Дејвид Харис (еден од внуците на актерот Ричард Харис) кога тој има 23, а таа е четири години постара.

„Никогаш не мислев дека таа ќе биде некој со кој ќе поминам 17 години од животот. Не беше тоа инстантно вљубување, јас едноставно сакав да уживам во нејзината убавина и тоа што таа беше“, ќе рече Пирс во едно интервју.

Инаку, бракот со Броснан ќе биде нејзин втор. Првиот бил со братот на Ричард Харис, Дермот, со кого ги има и децата Шарлот и Кристофер.

1988

„Разделбата беше многу болна и за неа и нејзинтие деца. Кога ја запознав, беше жена која била повредена од маж кој не знаел што има покрај себе и кој бил во болка самиот со себе. Кога се појавив јас дојде до големо непријателство и после некое време сфативме дека е најдобро да се дистанцираме така што заминавме за Америка. Гледавме на тоа како на нов почеток“.

Касандра и Броснан се венчаваат во декември 1980-та, а кога Дермонт ќе почине (во 1986 година на 43-годишна возраст), актерот ќе ги посвои нивните деца и тие ќе го земат неговото презиме.

„Едноставно „кликнавме“ како семејство. Бев Пирс, потоа тато Пирс, а потоа само тато. Шарлот и Крис беа неверојатен дел од мојот живот“, ќе рече во една пригода.

Но, животот повторно ќе го постави пред предизвици. Во 1991 година, Касандра ќе почине од рак на јајници на 43-годишна возраст и Пирс ќе остане сам со нивниот син Шон, кој тогаш имал осум години и Шарлот и Крис.

„Таквите работи оставаат белег на срцето. Седев во собите опкружен со доктори и чекавме да дојдат резултатите од испитувањата. Ги отворив пликоата со лоши вести во нив. Знам како изгледа болката и агонијата кога чекате и кога се чувствувате немоќни. Да гледате како животот го јаде некој што го сакате, како болеста зема дел по дел, станува неразделен дел од вашата психа. Начинот на кој го гледате животот сосема се менува. Кеси беше многу позитивна во врска со животот. Таа ја имаше најневеројатната енергија и поглед на живот. Тоа беше и е ужасна загуба и понекогаш забележувам како се рефлектира врз мене и моите деца. Не преминуваш преку чувството на жалење ни за година, две, три... Едноставно, личноста што ја нема ти недостасува и понекогаш ѝ се лутиш што не е тука.Животот со неа беше прекрасно пријателство, љубов и авантура. “, објаснува Пирс во интервју за „Експрес“ од 2013 година.

1990

Периодот што следи нема да му биде ни малку лесен.

„Морав да се решам од вината дека се осмелувам да се гледам со неко. Знаете, ти треба некој да те поддржи, имаш потреба од љубов, но истовремено си и татко. Кога ќе се соочите со таква загуба во животот единственото нешто што треба да го направите е да продолжите понатаму. Јас имав среќа да запознам прекрасна жена, која е мое богатство. Знам како е да се биде вдовец, но и како да се најде љубовта повторно. Мислев дека никогаш повеќе нема да сакам. Но, надежта е таа што ќе ви помогне да се ослободите од тешките чувства. Подемите и падовите се она што животот всушност е. Сеќавањето на Кеси и нејзината борба со ракот не е и никогаш нема да биде заборавена. Знам што значи да одгледаш деца, синови и тоа може да биде многу макотрпен пат. Но, моите татковски инстинкти се само мои. Не може да се поврзат со никого претходно, бидејќи не постоел никој таков во мојот живот“, сподели актерот.

Три години по смртта на Касандра, во 1994 година во Мексико, ја запознава сегашната сопруга Кели Смит. Таа е тв лице и се запознаваат во емисија.

1995

„Тој беше волшебен, висок, со црна коса, згоден – има сè со што веднаш би привлекол секого. Имаше немирна искра во очите и си помислив: „Вау““, изјави Кели за магазинот „Пипл“ во 2001, годината кога двојката и ќе одлучи да стапи во брак.

Првиот состанок го имаат неколку дена после средбата и тоа под отворено небо.

2001

„Ми ја држеше раката, небото беше ѕвезденот, а зборувавме до три часот наутро. Јасно ми е зошто жените го сметаат за секси, затоа што несомнено е привлечен маж. Но, најпривлечното кај него е што навистина ги почитува жените. Кај него душата зрачи со убавина, а и факт е дека прекрасно старее“, вели Кели.

Комплиментите одат во двете насоки. Пирс во ниту една пригода не ги штеди убавите зборови за својата сопруга.

1995

1997

2004

2004

„Кога почнавме да се забавуваме, сакав постојано да сум со неа. Ми недостасуваше, па во зависност од тоа каде бев, ѝ праќав карти да дојде за да ја видам. Најдов прекрасна жена. Да ја барав, во милион години немаше да ја најдам. Ми се допаѓа нејзината виталност, страст. Таа има сила без која не би можел да живеам. Кога Кели ќе ме погледне, јас станувам слаб“, признава актерот.

Во 1997 година нивното семејство ќе се зголеми за уште еден член – синот Дилан, а потоа во 2001 на свет ќе дојде неговиот брат Парис, по што и ќе се случи венчавката.

Пирс и Шарлот

„Да се посведочи на таква безусловна љубов е нешто неверојатно. Мојот татко ја најде повторно и тоа ме прави среќна“, изјави Шарлот која на свадбата беше деверица на Кели.

За жал, години подоцна, во 2013 година, Пирс ќе мора да се збогува и со Шарлот од својот живот, бидејќи и таа, како и нејзината мајка, ќе се разболи од рак на јајници и нема да успее да го победи.

Кели и Пирс денес живеат на Малибу. Трагичните настани ќе кажат само ги зацвртстиле односите меѓу нив и децата Крис (44), Шон (33), Дилан (20) и Парис (16).

Пирс и Кели со синовите Дилан и Парис (2017)

„Голема куќа не е она што ви е и ми е потребно. Потребна е добра маса на која ќе седите, добар кревет во кој ќе спиете, добар поглед и одлично шише вино“, ќе рече актерот, чија приказна веројатно ќе инспирира многумина кои поминале тешки животни ситуации, за да не се откажат никогаш од животот!

2008

2008

2009

2010

2016

2017

 

фото извор: dailymail.co.uk; pinterest.com; 

извор: dailymail.co.uk; express.co.uk; mirror.co.uk; 

Објавено:
19 јуни 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.376 пати