Побарајте ја вашата старо-нова чанта од заборавениот плакар

13 декември 2013

Колку пати досега сте ја слушнале или кажале реченицата „модата пак се враќа“, независно од тоа дали вие сте сведоци на модифицираните трендови или вашите мајки, баби и тетки ќе ви кажат дека одредено парче облека и аксесоар биле модерни во нивното време. Од  дизајнот на големите модни куќи и дизајнери, речи си постојано во новите колекции може да забележиме дека одреден тренд  во дадена временска доба бил применуван, а сега повторно е присутен, но стилизиран на малку поинаков начин. За џабе не се вели дека веќе се е измислено, а само се прават обиди тоа да се измени со елементи што даваат сигнал дека се од новото време.

 

Вистински пример за тоа се винтиџ  чантите, од оние во макси големина, во форма на актовка, клач или плико направени години наназад, а толку многу потсетуваат на формите на чанти кои денес се едни од најактуелните.  Ако сте љубител на винтиџ парчињата, потрошете го вашето слободно време со тоа што ќе пребарате по старите заборавени работи на вашите мајки, тетки и баби, тие сигурно сочувале некоја винтиџ чанта која сега вие можете да ја носите и да се издвојувате со уникатен аксесоар што ретко кој го поседува. Винтиџ чантите се полни со големо минато, но и со спомени што допрва доаѓаат од иднината. Ваквите модели на модни додатоци можат да ги носат само личности што поседуваат индивидуалност од својот уникатен стил и се синоним за силна личност.

 

Таа личност покажува неконвенционалност, сигурност и посебна имагинација. Една мисла на славната Коко Шанел  вели: „Модата згаснува само стилот останува ист“ како и „Со цел да се биде незаменлив, еден секогаш мора да биде поразличен“, затоа разбранувајте ја фантазијата со тоа што модата од минатото ќе ја имплементирате во сегашноста. Од  галеријата во продолжение погледнете ги едни од најубавите винтиџ чанти што ги селектиравме за вас.

Објавено:
13 декември 2013
Категорија: 
Стории