Пораката зад портретот на Трамп за „Тајм“ магазин

12 декември 2016

Доналд Трамп е личност на годината според магазинот „Тајм“. Веста и не е толку изненадувачка, но сепак за тоа се зборува и денови по објавувањето на насловната страна.

Она што сега е во фокусот на вниманието е пораката што се крие зад оваа фотографија, зад која се потпишува еврејскиот фотограф Надав Кандер.

Џејк Ром од сајтот „Forward“, посветен исто така на еврејската заедница, објави една исцрпна анализа токму на оваа тема.  Ако најновата насловна на „Тајм“ ви изгледа сосема обична и неинтересна, тогаш дефинитивно прочитајте ја анализата на Ром која ви ја пренесуваме во продолжение:

„ Годишната објава на магазинот „Тајм“ за „Личност на годината“ секоја година е сè повеќе неразбрана. Магазинот е јасен во критериумот – „личноста што има најголемо влијание, добро или лошо, на настаните на годинава“, но ако направите едноставно истражување на Твитер ќе најдете голем број луѓе што мислат дека изборот на „Личност на годината“ е исто што и одобрување. Меѓу претходните победници се и Јозеф Сталин (1939, 1942), Адолф Хитлер (1938) и други личности, за кои мислам дека вработените во „Тајм“ сигурно не ги поддржувале.

Оваа година, воопшто и не треба да е изненадување тоа што новоизгласаниот претседател Доналд Трамп беше избран да ја краси насловната на годишното издание на „Тајм“ (со фотографија на еврејскиот фотограф Надав Кандер). „За добро или лошо“, Трамп во текот на неговата кампања, и сега после изборите, со сигурност го има најголемото влијание на настаните на годината.

За индициите за тоа како „Тајм“ се чувствува по повод прашањето – дали е за „подобро или за полошо“ – можеме да ја погледнете фотографијата што ја избраа за насловна. Одлуките што „Тајм“ ги направи за тоа како да биде Трамп фотографиран, откриваат низа скриени референци за, според мислењето на публиката, една од најдобрите насловни на магазинот некогаш направени.

Во обид да направиме деконтрукција на фотографијата, ајде да се фокусираме на три клучни елементи (оставајќи го на страна „ѓаволското“ М над главата, што прави Трамп да изгледа како да има црвени рогови): бојата, позата, столот.

 

Бојата

Забележете како боите изгледаат како малку испрани, малку заматени, пригушени, меки. Палетата креира нешто што би можеле да го наречеме винтиџ ефект. Острината на фотографијата и деталите ја откриваат современоста на фотографијата, но бојата асоцира и сугерира на постар тип на филм, „Кодахром“ (Kodachrome). Кодахром, кој неодамна „Кодак“ престана да го произведува, беше дизајниран да создаде точна репродукција на бои во раните 1900-ти. Помеѓу доцните 1930-ти и 1970-ти стана неверојатно популарен и неговиот карактеристичен изглед го дефинира нашиот заеднички визуелен концепт на носталгија.

Со репродуцирањето на Кодахром колор палетата, насловната на „Тајм“ нè тера да ја замислиме и да размислииме како би изгледала насловната доколку фотгорафијата беше од ерата на масовната популарност на Кодахром. (Каде ве носи умот кога мислите на лидерите од ерата на ВСВ, подвоеноста и Студената војна, зависи од вас).

Оваа визуелно-временска промена, на некој начин е одраз на движењето кое го овозможи растењето на Трамп. Неговата кампања е базирана на регресивни политички избори и ставови – анти-заштита за околината, анти-абортус, про-загадување исл. Овој избор не беше само во врска со регресивната политика, туку и за традиционалните вредности (дефинирани примарно со правата на Христијаните), за носталгијата по моќта, големина и сигурноста во Америка, носталгијата за светот пред глобализацијата.

 

Позата

Позата на Трамп може да се толкува како субверзивна игра на традиционалната моќна портретна поза (погледнете го портретот на победениот Наполеон, иако тонот тука е елегичен). Сликите од владетели во седечка положба, можат да се разгледуваат на ниво на две естетски функции – да се зацврсти поврзаноста помеѓу тој што седи и тронот и да се зголеми чувството на ропство или зависност на гледачот. Гледачот мора да му пристапи на монархот, монархот не станува за гледачот.

Во ова наше време, моќта на тронот е во голема мера избледена, но моќта на „седната“ фигура останува. Столот или фотелјата сама по себе е неважна, дејството на седење е тоа што е важно. Позицирајќи го портретот во оваа традиција, столот ја претставува улогата на тронот, а тој што седи – улогата на кралот (или кралица) – визуелниот ефект е ист.

Имајќи ја превид оваа слика од споменикот на Линколн е хиперболизирана верзија на традиционалната поза. Го гледаме субјектот нагоре, но најважно е што тој нè гледа нас одозгора.  Оваа поза и агол, субјектот изгледа доминантен, моќен, во позиција да суди.

Но, ако се сврти сликата, тогаш се појавува сосема нова низа конотации. На насловната на „Тајм“, наместо да го видиме Трамп одоздола, го гледаме седнат од зад грб, едвај на ниво на очите. Релацијата и односот на моќта е сосема свртен.

Начинот на кој Трамп е свртен кон камерата дава конспиративен тон повеќе отколку осудувачки.  Постојат две фотографии во игра тука – таа што претставува моќ фотографирана од предната страна, и реалната фотографија, во која Трамп како да му намигнува на гледачот, и како да му вели: „како ги измамивме тие будалите од предната страна (и Трамп, како и гледачот гледаат надолу кон тие од предната страна).

Со субверзија на типичната динамика на моќ, „Тајм“ му имплицира на гледачот на изборите на Трамп, но во прв план, на неговата присутност на насловната страна.

Од друга страна, многу од она што го знаеме за Долналд трамп е собрано од фотографиите од него. Тој е мастер во брендинг, ѕвезда на тв-реално шоу, многу долго време и омилен меѓу таблоидите. Со одлуката да не се слика главата на Трамп (мажот кој толку многу време помина пред камерите) од предната страна, насловната ни нуди и поглед „зад сцената“ и истовремено нагласувајќи го конспирацискиот тон и соучеството на набљудувачот.

Поставеноста на фотографот ни нуди уште едно ниво на иронија.

На крајот, мораме да ја споменеме сенката која „демне“ одзади. Мала е, но важна и е мошне важен детал. Како што оваа фотографија ни дава можност за две теоретски гледишта, во исто време дава и два Трампа – Трамп избраниот предтседател и привидениот на Трамп претседателот, чекајќи да ја заземе својата форма.

 

Столот

Трамп седи во стил што потсетува на винтиџ „Луј XV“ парче мебел (го нарекуваме така бидејќи е дизајниран во франција под владеењето на кралот Луј XV во средината на 18-тиот век). Столот не само што сугерира на слепото, претенциозно владеење на француските кралеви непосредно пред револуцијата, но уште поприцезно, владеењето на Луј XV, кој според историчарот Норман Дејвс, „повеќе внимание обрнувал на ловење жени и елени, отколку на водењето држава“, и чие владеење беше обележано со „ослабувачка стагнација“, „повторливи војни“ и „постојани финансиски кризи“ (ви звучи познато?).

Како и да е, сјајот на столот е повеќе визуелен отколку историски. Тоа е нападен симбол на богатство и статус, но ако погледнете на врвот во десниот агол, ќе забележите искината ткаенина, означувајќи „искршената“ слика на Трамп. Зад сјајните прикази на богатство, сјајните ветување, имаме долг, невкус, демагогија, расизам, недостаток парламентарно искуство и знаење. Кога ја забележавме дупката, забележавме дека и дрвото е валкано, шминката има грешки, а косата е проретчена, а во долниот лев агол има дамка – сето тоа е знак дека илузијата на раскошот, благородноста, големината полнува да паѓа.

Насловната фотографија е повеќе од замрзната рамка на лидер и неговата земја во распаѓање, отколку фотографија на моќен човек. Сенката-привидение овде е изразена повеќе од сè, сугерирајќи на расипник кој веќе починал, ако воопшто и постоел.

Земено сè заедно, овие елементи водат кон длабока анксиозност и загриженост за годините што доаѓаат. Го имаме имплицитното поставување на Трамп во средината на 1900-тите (гледајќи ја архивата на насловните страни на „Тајм“, ниту една не потсетува на оваа). Исто така, има сугерирање на распаѓањето на фасадата на богатстѕвото, кое како „Сликата на Доријан Греј“ сугерира на повеќе од само физичко пропаѓање.

Како фотографија, тоа е ретко достигнување. Како насловна, тоа е став. 

Објавено:
12 декември 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.401 пати