Преживеана од Холокаустот и војникот што ја спасил – љубовната приказна за која слушна светот

11 јули 2017

Седумдесет и една година траела љубовната приказна која започнала во мрачниот концентрационен логор Аушвиц за време на Холокаустот.

Фото: Deadline News

Тогаш 23-годишниот шкотски војник Џон Мекеј успеал да избега од воениот затвор во Тобрук, Либија, преправен како италијански војник. Бил дел од шкотските трупи кои учествувале во спасувањето на преживеаните од хоророт на Холокаустот во 1944 година. Меѓу нив била и тогаш 20-годишната Едит Штајнер по потекло од Унгарија. За време на Холокаустот, таа изгубила 39 членови на нејзиното семејство, а преживеале само таа и нејзината мајка.

Фото: Deadline News

На игранката по повод ослободувањето и крајот на хоророт, Џон ја поканил Едит да танцуваат. Со тој танц започнала нивната доживотна љубовна приказна која траела следните 71 година.

Фото: Deadline News

По враќањето во Шкотска, направиле свадба на 17-ти јули 1946 година и започнале семеен хотелиерски бизнис. Имале две деца, Шарон и Питер.

Фото: Deadline News

Годинава тие го прославија својот последен Валентин, а се подготвувале и за јубилејната свадбена прослава, 71-година брак во јули. Но, за жал Едит само неколку недели пред прославата, починала во 92-та година од животот, а Џон бил покрај неа и во последните моменти.

Фото: Deadline News Фото: Mirror

Нивната приказна и фотографиите остануваат да сведочат за тоа што е вистинска љубов.

Објавено:
11 јули 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.396 пати