Приказната на Џоен Роулинг е помагична и од „Хари Потер“

30 март 2017

Веројатно повеќето од вас вчера го видоа краткото видео за неверојатниот живот на Џоен Роулинг и го споделија како пример за тоа дека никогаш не треба да се откажеме.

Токму затоа, ние денеска ви ја даваме пошироката приказна, која заинтригира многумина.

 

Со речиси половина милијарда книги Хари Потер, издадени на преку 70 јазици ширум светот, Џ.К.Ролинг е еден од најпопуларните автори, за кој велат дека е вистински волшебник со зборовите.

Веројатно многумина од вас на почетокот мислеа дека зад Џ.К.Роулинг се крие маж. Но, сега веќе сите знаат дека се работи за жена и тоа со нималку лесна животна приказна.

Кога ќе ја прочитате, ќе верувате во магија, иако во една пригода самата Џоен ќе изјави дека не верува во тоа.

Што се крие зад убавото лице на успехот, читате во продолжение:

Џоан Џо Роулинг е родена на 31 јули 1965 година во мало место во Англија. Иницијалот К. што го користи во потписот е всушност името на нејзината баба, Кејтлин, инаку Џоан нема средно име.

Нејзиниот татко Питер Џејмс Роулинг бил инженер во легендарната англиска компанија „Ролс Ројс“, а мајка ѝ, Ен Роулинг (полу Французинка, полу Шкотка) била техничар.  Се запознале во воз, кога и двајцата имале 18 години. Тој сакал да се вклучи во кралската морнарица, а мајка ѝ требала да се придружи на женската кралска морнарска служба. Една вечер на станицата, на Ен ѝ студело, а Питер ѝ понудил да го делат палтото. Година дена подоцна тие стапуваат во брак. Бргу потоа ја напуштаат морнарската служба и се селат во западна Англија.

Во 1969 година, четири години по раѓањето на Џоан, семејството се сели во близина на селото Винтербурн. Џоан била слатко мало девојче со очила. Отсекогаш била сонувач, па сакала да раскажува неверојатни бајковити приказни. Првата приказна ја пишува кога има шест години. Првата бајка е за зајакот со име Зајко кој имал сипаници. Неговата приајтелка, огромна пчела наречена Госпоѓица Пчела, му дошла во посета. Помладата сестра на Џоан, Ди, била првиот слушател на нејзините приказни.

Џоен со сестрата Дајан и мајката Ен

Џоан има прекрасно детство, мирно и весело, опкружено со грижливи родители, сакана сестра и баба. Била одличен ученик и сакала поезија, сликарство и историја на литература. Но, нејзините родители отсекогаш сакале да имаат куќа во Британија, па кога Џоан има девет години, тие повторно се селат и тоа во местото Тутшил.

Во тоа време, Џоан почнува да се интересира сè повеќе за литература, благодарение на мајка си. Таа одлучила целото време да го посвети на семејството, за да обезбеди одлично образование за ќерките. Ен им читала многу книги на ќерките и до својата петгодишна возраст, Џоан можела секоја од тие книги да ги раскаже наизуст.

За време на училишните денови, Џоан сфаќа дека најмногу ја интересира англиски јази и читање. Но, во исто време нејзината професорка по математика, госпоѓа Морган, била непријателски расположена кон неа. Левата страна од училницата била за паметните деца од класот. На Џоан секогаш ѝ кажувала да седи на десната страна, што ја фрустрирало, бидејќи знаела дека е интелигентен ученик. Подоцна, Роулинг ќе признае дека ликот Северус Снејп е моделиран токму по госпоѓа Морган.

Сепак, Џоан имала неколку професори што ја охрабрувале да пишува. Две од нив ја терале да го чита својот труд пред целиот клас и направиле да се чувствува посебно. И денес се сеќава на нив.

-Гордоста што ја чувствува додека гласно го читав напишаното на другите ученици, беше голема работа за мене. Никогаш не ги заборавате професорите што ќе ви кажат „Го можеш ти тоа“, се присетува Џоан.

Како дете била срамежлива. Соучениците се сеќаваат на неа како на несоцијална и мистериозна девојка, која живее во свет на фантација и секогаш пишува нешто во тетратката.

Кога има 15 години, семејството повторно се сели. На Роулинг ѝ недостасуваат другарчињата, но несреќата никогаш не доаѓа сама. Во истото време, омилената баба на Џоан умира, односите со татко ѝ се влошуваат, а мајка ѝ се разболува од мултиплекс склероза. Болеста сериозно напредувала, а третманот не го давал саканиот резултат. Од година на година здравствената состојба сè повеќе се влошувала. За млада девојка како неа, болеста на мајката била најголемиот шок во животот.

По матурирањето во 1983 година, Џоан конкурира на Оксфорд. Ги положува тестовите, но ја одбиваат. Сепак, успева да се запише  на универзитетот „Екстер“, на филолошки факултет, каде интензивно учела и француски јазик. Всушност, ова било идеја на нејзините родители, кои се надевале дека нивната ќерка ќе може да оствари кариера како секретар со познавање на два јазика.

Ги обожувала Дикенс и Толкин. Во 1986 година, таа дипломира и се сели во Лондон, каде менува неколку работи, меѓу кои работи и како секретар, која сфаќа дека воопшто не ја исполнува.

После смртта на нејзината мајка во 1991 година, Роулинг ја напушта работата и сакајќи да избега од тагата и да започне нов живот, се сели во Порто, Португалија. Таму работи како професор по англиски јазик за странци. Португалија е важна за неа, бидејќи таму и се вљубува. Го запознава новинарот Хорхе Арантес и во 1992 година стапуѕваат во брак. Поради работа, тој неколку месеци ќе биде отсутен, а Џоан ќе почне да ги пишува првите три поглавја од првата книга за Хари Потер.  По враќањето, Хорхе не може да најде работа, а бремената Џоан работи сè до породувањето. Следната година, се раѓа ќерката Џесика Исабел.

Џоан, Хорхе и Џесика

Неколку месеци потоа, Хорхе почнува да ја злоставува физички и да ја брка од дома. Тортурата завршува со развод, а Џоан во декември 1993 година, со ќерката се сели кај сестра ѝ во Единбург. Дајан е единствената личност на која Џоан можела да ѝ се довери за тоа што го преживеала и да смета на нејзината поддршка.

Џоан го допира дното и во едно интервју ќе каже дека се чувствувала како едно големо разочарување, неуспех. Освен што бракот се распаднал и била малтретирана, Џоан е и невработена, самохрана мајка, сиромашна на маргините на општеството. Во тој период ѝ е дијагностицирана и клиничка депресија, а на 30 годишна возраст ќе изврши обид за самоубиство. Нејзината болест ќе ѝ помогне пак да го создаде ликот Дементрос од „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, третиот дел од серијалот.

Неколку месеци подоцна, Џоан одлучува да изнајми мал стан во Единбург, а живее од придонесите што ѝ ги плаќа државата, што се минимални (околу 70 фунти, односно 90 долари неделно), а ги троши на евтина храна и облека за Џесика.

Во една пригода ќе каже дека во тој период, навистина се срамела од ситуацијата во која се наоѓала.

Условите во станот во кој живеела со ќерката, не биле идеални. За да може да ја успие Џесика, секојдневно шетале, а често била гостин и во локалното кафуле „Nicolson’s Cafe“, каде го создавала првиот дел од „Хари Потер“.

По пет години пишување, во 1995 година „Хари Потер и каменот на волшебникот“. Уште со завршувањето на првата книга Џоан знаела како ќе заврши целата приказна. Инаку, во едно од ретките интервјуа што ги дава, ќе открие дека првото поглавје од првата книга го пишувала дури 15 пати.

Нејзината сестра била единствената на која Џоан ѝ кажала за книгата, а на Дајан приказната ѝ била повеќе од симпатична. Но, пишувањето било само половина од борбата.

Агентите и издавачките куќи ја одбивале. Изговорите биле: „Премногу е долга“ или „Премногу е тешка за децата“, „Ова нема да ги заинтересира децата“. На разочарувањето му немало крај. Сепак, со поддршка од сестрата, Роулинг не се откажува. Неколку поглавја испраќа и на познатиот агент Кристофер Литл, но ни тој не пројавува интерес и веднаш ги праќа во архива. Но, една девојка од помладите вработени била љубопитена што се крие во папката и почнала да ја чита приказната за Хари Потер. Толку многу ѝ се допаднала, што одлучила повторно да ја врати кај шефот. Така, Литл одлучува да ја промовира книгата. Тој станал агентот на Роулинг и почнал да бара издавач. И него го одбиле дури 12 издвачки куќи. На крајот, во август 1996 година, издавачката куќа „Bloomsbury“ ја прифаќа и за неа дава 2.300 долари однапред. Кристофер ѝ јавува на Џоан дека конечно направиле спогодба. Сега пак, на среќата ѝ немало крај.

Алис Њутон, осумгодишната ќерка на директорот на издавачката куќа, му помогнала на нејзиниот татко Нигел Њутон да ја направи одлуката за објавување на „Хари потер“. Тој ѝ го дал првото поглавје да го прочита, а таа веднаш потоа го побарала и второто. И покрај договорот за книгата, Џоан била советувана да најде работа, особено бидејќи сега има можност за заработка во оваа област. Роулинг набрзо се вработила како професорка по француски јазик. Во 1997 година, добила грант од 12.500 долари од „Scottish Arts Councill“, што ѝ овозможило да продолжи да пишува и да вложува во книгите.

Останатото е историја. Денес, Роулинг е среќно мажена за Неил Скот Мареј, шкотски анестезиолог, со кој имаат две деца.

За животот на оваа авторка, во 2011 е направен филм, насловен како „ Магијата зад зборовите: Приказната на Џ.К. Роулинг“ (Magic Beyond Words: The J.K.Rowling Story“.

Објавено:
30 март 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
352 пати