Приказната на Ирина Шајк: Понекогаш немав што да јадам!

21 мај 2018

Таа денеска е една од најплатените манекенки во светот, но животот за Ирина Шајк не бил отсекогаш бајка.

Манекенката пораснала во еден од најзагадените градови во Русија, Јеманжелинск, за кој таа ќе каже дека е преубав ако носите маска.

Кога имала 16 години нејзиниот татко изненадно ќе почине, па за неа ќе се грижи неговата мајка Галина, баба на Ирина, која е нејзиниот најголем пример. Кога мајка ѝ ќе ја земе со неа за да ја однесат сестра ѝ на кастинг, персоналот од локалната модна агенција ќе ја забележи и ќе и понуди договор.

„Јас сакав да бидам новинарка. Кога и да го замислував мојот живот и мојата иднина, знаев дека ќе го напуштам родниот град, чувствував дека тоа ми е судбина“, вели таа.

Нејзините сонародници се сеќаваат како мајката Олга работела напорно како учителка по музика, но и втора работа за да може да се грижи за двете ќерки.

„Животот што таа денеска го живее е многу поразличен од оној претходно кога никој немаше пари ни за основните потреби, а камоли за луксуз. Нејзината мајка работеше како роб за своето семејство. Ирина беше одлучна дека ќе ја искористи секоја шанса за да оди во Москва, а после и во светот“, вели нејзин другар од родниот крај.

Нејзина пријателка од училиште ќе каже:

„Не можам да кажам дека таа беше убавица. Беше премногу висока, нозете и беа преслаби, а кожата темна. Но, таа беше добра пријателка и секогаш беше насмеана. Долго немав ништо слушнато за неа, за во 2007 да прочитам текст во кој пишуваше за руска манекенка што го освојува Западот“, вели таа.

Пријателите ќе се потсетат дека момчињата често и се смееле дека била преслаба, поради што многумина често ја критикувале.

Но, не сите имаат добри сеќавања за Ирина од тоа време. Таа останала во лоши односи со агентите кои и помогнале да ја изгради кариерата, а пропуштила и многу закажани снимања поради врска со руски бизнисмен. Наводно, тој и го платил патот низ Европа за да научи јазик, иако и денеска таа ги негира тие информации.

Кариерата таа ја продолжува во Франција, каде воопшто не и било лесно.

„Ситуацијата беше многу комплицирана. Не го разбирав јазикот, немав пари, понекогаш немав што да јадам“, раскажува манекенката.

Обидите да успее во Америка, не и оделе многу од рака поради муслиманските корени. Кога го добила првиот повик да работи за американка агенција, барањето за виза ѝ било одбиено. Откако по една година конечно добила виза, ѝ се отворил патот и за кратко време станува една од најбараните манекенки во светот.

Манекенката со Бредли Купер и нивната ќеркичка

Извор: Elle.rs

Објавено:
21 мај 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.069 пати