Приказната на Вера Сахатчиу (52) - стилската мајка на Рита Ора

5 јули 2018

Мајката на една од најпопуларните пејачки на денешницата Рита Ора, е неверојатно стилска жена која изгледа совршено на 52 години.

Како и нејзината ќерка, Вера Сахатчиу е вљубена во модата, па многу често можеме да ја видиме во шик комбинации на социјалните мрежи.

Неодамна тие беа на заеднички одмор во Монако од каде постојано објавуваа фотографии на профилите на Инстаграм, а многумина констатираа дека тие изгледаат како сестри, а не како мајка и ќерка.

Шармантната Вера го открила талентот за музика кај нејзината ќерка кога таа имала само седум години, по што постојано работела на градењето на нејзината кариера.

Оттогаш, Вера и таткото на пејачката, Бесник, кои инаку се имигранти од Косово, постојано ја подржуваат нивната ќерка и секогаш се со неа.

Рита Ора со нејзиниот татко Бесник

„Во Косово, мајка ми беше докторка, но кога се преселивме во Лондон, таа мораше повторно да ја обнови дипломата. За тоа и требаа шест години, а во меѓувреме работеше како келнерка за да може да обезбеди средства за живот за сите три деца“, изјави пејачката во едно интервју.

Таа раскажа и дека покрај сето тоа, нејзината мајка успешно успеала да се избори со рак на дојката, за што ќе каже дека целиот живот ќе и се восхитува.

„Никогаш не престана да чита книги, денеска е успешен психијатар со нејзина ординација. Тоа е ставот кој јас сакам да го постигнам во мојата работа“, вели Рита.

Нејзината мајка ќе каже дека воопшто не замислувала дека кариерата на нејзината ќерка ќе се одвива во овој правец, ниту во најлудите соништа.

Рита имала само една година кога нејзините родители одлучиле да заминат во Лондон со нејзината постара сестра Елена во потрага по подобар живот.

Пејачката со помалиот брат и постарата сестра

Нејзиниот татко Бесник, постојано работел низ разни пабови за да може да го издржува семејството, додека на почетокот, поради непознавање на англискиот јазик, Вера морала да остане дома.

“Најголемиот предизвик за мене беше да го научам јазикот кој воопшто не го знаев. Исто така, подеднакво застрашувачко беше тоа што се најдов со мојот сопруг и децата сосема сами во едно поинакво општество“, вели Вера.

На почетокот на кариерата на Рита, на нејзината мајка и бил откриен рак на градата. За многу кратко период, таа успела да ја победи болеста и да продолжи на патот кон успехот со нејзината ќерка.

Денеска, таа ќе каже дека е неверојатно горда на нејзината ќерка поради сите достигнувања и дека сета тешка работа и жртви се исплателе.

Погледнете некои од највпечатливите фотографии на прекрасната Вера и дел од нејзините супер стилски модни комбинации.

Извор: The Sun

Објавено:
5 јули 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
3.311 пати