Приказни од градот: Џинс, кожена јакна и шешир би носела и по 20 години

23 мај 2018

Во „Приказни од градот" ви раскажуваме за уникатни ликови кои имаат интересен муабет, впечатлив стил, невообичаено хоби, ќе ве прошетат низ нивните омилени места во градот и ќе ви предложат книга, филм или албум што ним им оставил впечаток.

Денеска ве запознаваме со Мартина Здравкоска, студентка на Фармацевтскиот факултет, која за себе ќе каже дека е вљубена во модата и во џез музиката.

Дека има изострено чувство за естетика, ќе забележите од прва. На договореното фотографирање се појави во урбана, „street style" комбинација, во предимензионирана кошула со принт во пруги, кожени панталони и интересна колор-блок чанта.

Мартина, кој е твојот омилен дел од Скопје?

- Дебар Маало и липите на Партизанска во пролет. :)

Хипотетички, доколку имаш само еден ден на располагање за туристичка прошетка низ градот со твоја пријателка од странство што доаѓа за прв пат во Скопје, каков би бил редоследот? Кои се топ 3 туристички локации што би ги посетиле?

- Скопје е шармантен град, има доста интересни локации кои би посакал секој турист да ги види. Прва локација што би ја посетиле е старата скопска чаршија, музејот на современа уметност и кањонот Матка.

Твоите пријатели за тебе ќе кажат дека си вљубеничка во модата. Имаат ли трендовите големо влијание врз твојот личен стил или оставаш до израз да дојде твојата индивидуалност?

-Ги следам модните трендови и сакам да сум во тек со атуелноста, но не секогаш тие влијаат на мојот стил, повеќе се трудам да бидам своја во тој поглед.

Каков е твојот став во однос на „униформираноста" во поглед на стилот?

- Искрено мислам дека доколу една индивидуа има свој стил и став, „униформираноста" како таква нема да биде толку изразена, туку напротив. Индивидуалниот имиџ е производ на животниот стил, на твоите лични ставови во однос на различни прашања, на твојата единственост – и затоа сметам дека е значајно да се потенцира индивидуализмот, наспроти монотоноста на униформираноста.

Што не би облекла никогаш?

- Конкретно немам некое парче што не би го облекла никогаш, но сигурно ако во нешто не се чувствувам удобно - не би го носела.

Кое парче од твојот гардеробер го сметаш за безвременско, нешто што го носиш сега и би го носела и по 20 години?

- Добар џинс, кожена јакна и шешир.

Кои личности од светот на уметноста, културата, модата во светски рамки – би ги издвоила како твои икони на стилот?

- Monica Bellucci, Rick Blaine, Coco Chanel, Kate Moss.

Како лично би го дефинирала својот стил?

- Минималистички, автентичен и урбан.

Сите имаме експериментални фази во потрагата по својот личен идентитет, вклучително и визуелен имиџ. Имаше ли и ти такви фази? Постои ли некоја „неуспешена" модна егзибиција?

-Да, секако дека сакам да експериментирам со мојот имиџ, да комбинирам на изглед некомпатбилни парчиња и понекогаш знае да се случи да скршам некое модно правило. Можеби да, постои некоја неуспешна егзибиција која сум ја направила во врска со модата.

Според тебе кој имагинарен лик од светот на литературата или филмот, има најуникатен стил?

- Јessica rabbit

Патувањата се секогаш проследени со интересни животни искуства. Кои дестинации што си ги посетила ти оставиле особен впечаток и зошто?

-Ги обожувам патувањето и по природа сум авантурист. Секоја дестинација која ја имам посетено ме воодушевува на некој посебен начин и остава интресни спомени. Мислам дека секое место зрачи со некоја своја магија. Едно такво место кое би му се вратила повторно е Виена градот посветен на културата, уметноста и музиката.

Објавено:
23 мај 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
910 пати