Работи што не сте ги знаеле за Ед Ширан

25 април 2018

Ед Ширан е еден од најплодните и најуспешни автори и музичари од новата генерација. Неодамна излезе и документарен филм насловен како „Songwriter“ за неговиот живот, презентиран за време на Трибека филмскиот фестивал, во режија на неговиот роднина Мареј Камингс, а од кој се дознаваат информации кои не сме ги знаеле за Ед и неговото творештво.

Токму во продолжение ќе прочитате некои нови работи за популарниот музичар:

*Џејми Фокс е личноста која го открила Ед Ширан. После преселувањето во Лос Анџелес во 2010 година, пејачот почнал да свири во клубови. Една ноќ му се посреќило да настапува во клубот на Џејми Фокс. Актерот бил толку импресиониран од Ед, што му го понудил своето студио и дом во Холивуд.

*Елтон Џон на некој начин му е претпоставен. Елтон ја води менаџментската компанија, „Rocket Music“, која се грижи и за кариерата на Ширан. Покрај тоа што од време на време соработуваат, се слушаат еднаш неделно и Елтон го советува пејачот во поглед на кариерата.

*За албумот „Х“ напишал 120 песни. Откако излегува од сенка, Ширан во 2011 година почнува да создава музика. За три годни ќе успее да напише преку 120 песни, наменети за албумот „Х“. Од тие 120, само 12 биле ја поминале тогашната селекција.

*Оригиналната верзија на песната „Love Yourself“ која ја изведува Џастин Бибер, звучела многу поинаку. Не била само музиката која се сменила, туку и текстот. Стиховите кои сега гласат: 'Cause if you like the way you look that much, Oh baby you should go and love yourself“, во оригиналната верзија се: you should go and f*ck yourself."

*Песната „Don’t“ ја напишал за два часа.

*Првата песна ја снимил кога имал 11 години. Уште официјално не бил ни тинејџер кога ја снимил песната која има симболичен наслов „Typical Average Teen“. Но, тоа не е песната која за најкратко време ја напишал. „The A Team“ била создадена за 20 минути.

*Предвидувањето од матурата се остварило. На матурската вечер за него другарите изјавиле дека од генерацијата, тој има најголеми шанси да стане познат и така и се случило.

*„Perfect“ била првата песна што ја напишал за последниот албум „Divide“. Но, како што се одвивале работите, таа била последната која ја завршил и снимил.

*Оригиналната верзија на „Perfect“ била снимена со оркестар во живот. Токму тоа и било дел од причината поради која е последна снимана. Доживувала многу различни верзии, па на крај се одлучил да има и акустична верзија, два дуети и една оригинална.

*„Shape of You“ за малку немала ни да биде снимена. Ед го пратил албумот кај издавачката куќа, но кратко потоа го побарал назад, за да додаде уште една песна. За среќа, барањето му било одобрено, тој ја додал „Shape of You“ која му донесе и „Греми“ награда.

Објавено:
25 април 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
383 пати