Сара Џесика Паркер: Да се мажам повторно, би носела бела венчаница

7 мај 2018

Актерката Сара Џесика Паркер (53) која најмногу се прослави со улогата на Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“, наскоро ќе прослави 21 година брак со актерот Метју Бродерик.

Токму по тој повод, таа неодамна ги сподели своите искуства како сопруга и мајка, прикажувајќи дека без оглед што е светска ѕвезда, често ја мачат исти проблеми како и секоја жена.

За успехот во светот на познатите да се одржи брак повеќе од две децении вели дека придонело тоа што приватноста ја држеле подалеку од јавноста, но и фактот дека поради обврски се често разделени.

„Сите љубовни врски бараат многу посветеност, но јас отсекогаш чувствував дека сакам да дадам многу повеќе. Сметам дека мојот сопруг е неверојатно паметам. Исто така, сум сигурна дека му одам на нерви. И тој мене понекогаш, но пред сè, горда сум на тоа каква личност е. Колку што врската трае подолго, сè повеќе вложуваш во себе. Неговите победи стануваат и твои, а колку повеќе си дел од тоа, сè потешко ти станува да го замислиш животот без таа личност. И иако можеби звучи лудо, но имаме животи што ни дозволуваат да бидеме разделени и повторно да се споиме. Сметам дека тоа е предност, затоа што имаме многу да (с)поделиме еден со друг. Секоја врска доаѓа до момент кога треба да одлучите, дали е вредна да се вложите, без разлика за што и да се работи“, објаснува актерката.

Исто така, не крие дека мајчинството сосема ја сменило.

„Кога си родител, во постојана грижа си за децата. Тоа може да биде многу болно и исцрпувачки. Но, мајчинството е навистина интересен начин на живеење во светот. Поинаку ги читам книгите, или поинаку ги гледам и доживувам родителите и децата што ги гледам во метро. Различно ја слушам музиката, или кога ќе видам нешто си помислувам „Посакував Табита и Лорета да се сега со мене да можеа да го видат ова“, и тоа е добриот дел. Но, сметам дека и не е за секого. Да си родител подразбира многу напорна работа. Реално, подразбира да чистите и раскревате по луѓе по цел ден, а тоа знае да биде прилично исцрпувачки. Понекогаш си мислите дека сте една голема, добра, старомодна секретарка. Сè што правам е организирање на животите на моите блиски. Но, тоа го сакав и со тоа доаѓа сведоштво за развитокот на вашите деца во интересни, пристојни и чесни личности, кои проднесуваат за нешто. Нашите животи се непредвидливи и несекогаш сме тука кога сакаме да бидеме. Но, горда сум што нашите деца се отворени кон нас и ни се обраќаат, зборуваат со нас. Драго ми е што се љубопитни луѓе. Понекогаш седам на скали, бидејќи сите се во кујна и јадат и ги слушам што зборуваат. Шармирана сум од нивната конверзација“, открива Сара.

Нивниот живот го збогатуваат и трите деца, синот Џејмс Викли Бродерик и близначките Табита и Марион Лорета Бродерик.

„Среќна сум во каков млад човек се развива Џејмс. А Табита и Лорета се посветени една на друга, но исто така знаат да кажат „Ми треба малку време да бидам одвоена од неа“. Табита може да си игра сама со часови. А Лорета морам да ја проверувам често. Инаку, одат во различни училишта и тоа беше идеја на Табита“, вели Сара која неодамна се појави на една премиера во Њујорк токму во друштво на близначките.

Инаку, со Метју се запознаваат на Бродвеј во 1991 година, непосредно откако Паркер ја прекинува врската со Роберт Дауни Џуниор. Всушност, на Бродвеј работел и еден од браќата на актерката, кој воедно го познавал Бродерик и ги запознал, а бргу потоа и започнуваат врска. После пет години, одлучуваат да стапат во брак, во синагога во Њујорк, но во строга тајност. Венчавката, за која никој не знаел се случила на 19-ти мај 1997 година, а присуствуале 100 луѓе – членови на семејствата и неколку најблиски пријателство.

-Никогаш не фантазирав за тоа каква венчаница ќе носам. Никогаш. Но, се сеќавам дека во еден момент се запрашав: „Господе, ќе ме побара ли тој некогаш за жена?“.

Гостите што ги поканиле беа уверени дека ги канат на некаква забава, па со тоа изненадувањето било уште поголемо.

Сара Џесика Паркер на својата венчавка носела црн фустан од Морган Ле Феј.

„Не сакавме да привлечеме внимание на било каков начин, бидејќи како на актери, тоа постојано ни се случуваше. Метју го купи првото одело на полицата, а јас првиот фустан што го здогледав. Но, да се мажам повторно, би ги направила работите поинаку. Ќе облечев стандардна бела венчаница, каква и требаше да носам на тој ден. Нешто во стилот на Оскар де ла Рента, со џебови под половината, горен дел украсен со монистра и огромно здолниште од тафт и сатен. Но, колку и да беше мојата венчавка надвор од традициите, некои работи се потрудив да ги испочитувам. На пример, позајмив марамче, некој ми подари стара паричка, фустанот беше нов, па ги „покрив“ сите полиња.

Објавено:
7 мај 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.257 пати