Сè што (не)знаевте за Оскарите - II дел

20 февруари 2015

image-650x370

Сè што некогаш ве интересирало за оваа гламурозна манифестација, сега ќе имате можност да го прочитате, на само два дена пред годинешното доделување на престижните награди.

За оние што пропуштија да го прочитаат првиот дел, тоа можат да го сторат овде.

А за модата на црвениот килим, за тоа кои се номинации постојат на Оскарите, како и тоа, кој добил Оскар, а не си го земал читате во продолжение:

Зошто церемонијата е секогаш во недела...

Главните награди се врачуваат на церемонијата која се емитува во живо, шест недели по објавувањето на номинациите. Оскарите претставуваат кулминација на сезоната на доделување филмски награди, која почнува околу ноември. Доделувањето на наградите првпат е емитувано во 1953-тата година на Ен-Би-Си-Ју. Долго време се емитувало во понеделник, а потоа церемонијата е префрлена за недела, за повеќе луѓе да можат да ја гледаат. Филмската индустрија долго се противела за неделните емитувања, затоа што се поклопувало со проекциите во кината. На 30-ти март 1981-вата година, церемонијата е одложена за следниот ден, поради атентатот на претседателот Роналд Реган.

220px-53rd_Academy_Awards

Категориите на Оскар

Од 1993 година, воведена е Ин Мемориам категорија во чест на оние што значајно придонеле во сферата на филмот, а починале во претходните 12 месеци. Ова наиде на остри критики поради изоставување на големи актери, како што се Малколм Арнолд, Џин Бери, Фара Фосет, Хенри Гибсон... Списокот на одбраните за оваа категорија го бира мал комитет на Академијата, а не продуцентите на шоуто.

Во продолжение погледнете од кога датираат категориите на оваа престижна манифестација:

Оскар за најдобар филм – од 1928 година

Оскар за најдобар режисер – од 1928 година

Оскар за најдобар актер во главна улога

Оскар за најдобра актерка во главна улога

Оскар за најдобар актер во споредна улога – од 1936 година

Оскар за најдобра актерка во споредна улога – од 1936 година

Оскар за најдобра сценографија – од 1928 година

Оскар за најдобар помошник на режисер – од 1933 до 1937 година

Оскар за најдобар снимател – од 1928 година

73537565

Оскар за најдобра костимографија – од 1948 година

Оскар за најдобар танцов режисер – од 1935 до 1937 година

Оскар за најдобар документарен филм

Оскар за најдобар краток документарен филм

Оскар за најдобра монтажа

Оскар за најдобар странски филм – од 1947 година

Оскар за најдобра шминка

Оскар за оригинална музика

Оскар за најдобра песна

Оскар за најдобар анимиран филм  - од 2001 година

Оскар за најдобар краток анимиран филм

Оскар за најдобро оригинално сценарио – од 1940 година

Оскар за најдобро адаптирано сценарио – од 1928 година

Оскар за најдобри визуелни ефекти

Оскар за најдобра оригинална приказна – од 1928 до 1956 година

Оскар за најдобар титл – 1928 година

OscarsCeremony

Оскар за најдобар звук

Оскар за најдобри звучни ефекти

Оскар за најдобар краток филм во боја

Оскар за најдобар краток иновативен филм

Оскар за најдобра уметничка и артистичка продукција – 1928 година

Оскар за најдобри технички достигнувања – од 1931 година

Оскар за најдобри инженерски ефекти – 1928 година

Црвен килим – моден натпревар

Поканетите гости шетаат на црвениот килим во креации на најистакнатите дизајнерски имиња. Така што во тој дел, Оскарите се борба за најдобра креација. Мажите најчесто носат црни одела. Музичките ѕвезди не се придржуваат на ова, додека дамите секогаш одбираат некоја впечатлива модна комбинација.

На сликата подолу ќе видите какви фустани носеле добитничките на Оскар за најдобра актерка, од 1929 до 2014 година.

Кликни за поголема слика Кликни да ја зголемиш фотографијата

Кој доби Оскар, но не си го зема

Уште од почетоците па до сега, се случува некој од добитниците да не е присутен на доделувањето на статуетките. Иако би си помислиле, што би можело да биде поважно од тоа да се појавите на една ваква манифестација, сепак се случува и тоа со добра приказна во позадина. Еве неколку од нив:

Џоан Крафорд

joan-crawford-600

Номинирана за Mildred Pierce, Џоан Крафорд била убедена дека нема да го добие оскарот за Најдобра актерка, со оглед дека во конкуренција ѝ била Ингрид Бергман за улогата во остварувањето The Bells of St.Mary’s. Кога слушнала дека сепак ја добила наградата, ги повикала новинарите во нејзината спална соба, каде што ѝ ја врачиле статуетката, па тоа станало приказна на вечерта.

Вуди Ален

Тој го доби првиот Оскар во 1978 за Annie Hall, а оттогаш освои уште два. Но, како и да е, тој никогаш не беше присутен да му ги врачат. Тој секогаш даваше културно извинение дека во тоа време има свирка со кларинет во еден бар. Вуди Ален ги смета наградните шоу-а за глупави. Но, на Оскарите во 2002 година, неколку месеци после 9/11, зема учество и тоа на монтажа на филмови што ја покажуваа убавината на Њујорк.

Елизабет Тејлор

Улогата во Who's Afraid of Virginia Woolf? ја направи Елизабет Тејлор за фаворит за Оскар за најдобра актерка во 1967 година, но нејзиниот колега во филмот и сопруг не беше. Бидејќи претходно беше четири пати номиниран, но не освои Оскар, двојката воопшто не се појави на церемонијата. Според „Лос Анџелес Тајм“, Тејлор го оправдала нивното отсуство со стравот на Бартон од летање. На крајот, Бартон никогаш не доби Оскар.

Хенри Фонда

Во филмот On Golden Pond се зборува за врската помеѓу еден болен татко и неговата ќерка. Фактот што филмот прави споредба со вистинските животи на неговите главни ликови, Хенри и Џејн Фонда, го прави уште поемотивен. Џејн Фонда барала да ја добие главната улога во овој филм за да може да глуми со својот татко. Кога во 1982 година Хенри добил Оскар за главна улога во овој филм, Џејн ја подигнала наградата во име на својот татко, бидејќи тој бил премногу болен и не можел да присуствува. Тој починал по пет месеци.

Кетрин Хепберн

„За мене наградите се ништо. Мојата награда е мојата работа“ изјави во една пригода Кетрин, која само еднаш се појави на Оскарите и тоа во 1974 година.

Еминем

Еминем не се појави на доделувањето на Оскарите во 2003, кога ја доби наградата за најдобра оригинална песна. Образложение? Раперот во едно интервју изјави дека песната победила, тој спиел: „Чувствував дека немам шанси да победам“.

Марлон Брандо

И за крај, најфамозниот пример за примање на Оскар во туѓо име е оној со Марлон Брандо и Сачин Малпердув. Имено, Сачин припадничка на племето Апачи, пред бројната публика го прими оскарот на Брандо со говор за лошиот третман на Индијанците во филмската индустрија.

И покрај тоа што оваа случка е една од најпопуларните во историјата на Оскарите, постои една мисла на Лив Улман, која вели: „Честопати, најелоквентни сме кога молчиме“.

Во 2010 година, организаторите на манифестацијата изјавија дека говорите при примањето на наградите не смеат да бидат подолги од 45 секунди. Како вели еден од нив, Бил Мекеник, со ова треба да се избегнат претерано долгите изливи на емоции.

Објавено:
20 февруари 2015
Категорија: 
Стории