Се што треба да знаете за Баленсијага

12 октомври 2013

balenciaga-logo-large

Баленсијага денес е многу поинаков бренд за разлика од неговите почетоци во 1937 година, но тоа не ја прави работата на основачот Кристобал Баленсијага помалку важна. Тој дури честопати е опишуван како еден од најдобрите котуриери.

„Има и други кандидати, но Баленсијага беше вистински иноватор кој неуморно тежи кон совршенство и никогаш не е загрозен“, вели Сузан Ајрвин, која за Вог ја пишува едицијата наменета за овој дизајнер.

„Диор предложи нов изглед на силутетите во 1947 година, и Баленсијата го прифати предизвикот, па ја смени со линија на туники и вреќести фустани, кои подоцна еволуираа во фустани од 1960-тите или мини фустани. Тој шиел и понекогаш ги цртал големите промени за тоа како жената треба да се облекува. Но, и самиот одолеал на некои од тие промени. Баленсијага никогаш не стна прет-а-порте дизајнер, остана чист котуриер“, се вели во изданието.

Книгата открива детали од животот на дизајнерот кој многу строго ја чувал својата приавтност, а помеѓудругото открива и едно од двете интервјуа што ги дал во текот на целиот живот. Порано се мислеше дека всушност само еднаш зборувал со новинари, сокривајќи се од секаков публицитет. Но, во книгата ќе се прикажат фотографии на Вог кои се појавија на страниците на магазинот околу 1937 година, а дел од нив никогаш не се ни видени.

„Не сум сигурна дека лично би сакала да интервјуирам човек што толку длабоко си ја чува приватноста. Повеќе би сакала да ме облече во некоја од неговите креации или да бидам доволно среќна па да испијам суво мартини- до две со него. Тој можеби бил познат и како свештеник на котуриерството, но ги правел најдобрите суви мартинија во Париз.

Објавено:
12 октомври 2013
Категорија: 
Стории