Селин Дион е жена лавица!

24 јули 2019

Не само што е еден од најдобрите вокали во светот, Селин Дион во целост го претставува значењето на синтагмата „жена лавица“. 

Во продолжение ќе прочитате неколку можеби и не толку познати факти за неа и нејзиниот живот, за кои сме сигурни дека емотивно ќе допрат до вас и после кои ќе сфатите зошто одбравме токму ваков наслов на текстот:

Дијагнозата на сопругот

Може да се рече дека 1999 година е годината што го сменила животот на пејачката. На нејзиниот сопруг Рене Анжелил му е дијагностицирана форма на рак на грло. Докторите ѝ откриле дека прогнозите воопшто не се добри и дека за некое време тој ќе ги изгуби сите основни функции. Селин ги презела работите во свои раце и се грижела за него, одлука која со себе носела многу предизвици, особено за врската меѓу нив двајца. Селин ѝ дала приоритет на грижата и негата за Рене, со цел да му овозможи времето што ќе го живее да му биде што поудобно и покрај екстремно лошите прогнози. Пожртвуваност на која ретко кој би се согласил.

Мајка ѝ ја мразела врската со Рене

Можеби мрази е и преблаг збор во однос на тоа што чувствувала мајка ѝ кога дознала дека таа се гледала со Рене. Се обидела на сите начини да ги раздвои. „Кога ѝ реков дека имам силни чувства за Рене, таа се обиде да „убие“ сè во врска со него и да ме тргне од тој однос. Бев многу фрустрирана и лута во почетокот, но таа се обиде да ме вразуми и да ми покаже дека овој човек два пати се женел претходно и има три деца, дека тој не е одговорен. Ми велеше: „Го сакам совршениот принц за тебе“.

Проблеми со зачнување

Во 2000 година, таа направи пауза од музичката сцена, со цел да стане мајка. Со месеци се обидувале да имаат деца, но не можеле. Токму затоа започнале и со третмани, а Селин имала и две операции. На 25. јануари 2001 година, се раѓа нивниот прв син, Рене Чарлс Дион Анжелил.

Блиску до смртта

На 5 години, Селин ја удира невнимателен камионџија, од ударот ѝ страда черепот, што резултира со кома цели седум дена. 

My Heart Will Go On

Секој уметник пристапува критички кон својата работа, но критицизмот на Селин Дион за „My Heart Will Go On“ изгледа е малку неосновано. Таа во една пригода призна дека мислела дека песната воопшто нема да биде успешна и дека ќе ѝ биде чекор наназад во кариерата. Во едно интервју ќе каже: 

„Навистина во почетокот не ја сакав песната. Снимив претходно песна за друг филм и беше исклучително успешна, па ова ми изгледаше како да ја предизвикуваме среќата“. Но, таа повторно беше на нејзина страна и ја вивна во ѕвездите.

Во тоа ќе ѝ помогне и сопругот. Тој ќе ја натера да сними барем демо снимка. Всушност, и тоа што повеќето до нас го слушнале на радио била оригиналната и единствена демо снимка од песната.

Не ни била планирана

Селин е 14-тото дете и најмлад член на семејството. Нејзините родители не ни планирале уште едно дете. Кога била родена, нејзините родители ја заспивале во фиока, додека не се ослободел кревет од некој од 13-те браќа и сестри.

Паметна за бизнис

Мајката на Селин, Тереза Тангај Дион е една од најпознатите готвачи во Квебек. Во 1990 година, Селин ќе отвори свој ресторан во Квебек, во што секако ќе ѝ помогне и мајка ѝ. Ресторанот носел име „Никелс“ и доживеал голем успех и популарност, за што говори и податокот дека Селин успеала да го франшизира и сега се достапни насекаде низ Канада.

Милиони од лаги

Магазинот „National Enquirer“ постојано споделувал информации за ѕвездата, но голем дел од нив биле сериозни лажни вести - како тоа дека Селин е бремена со близнаци. Тоа ја налутило Селин и грешката ги чинела 20 милиони долари за оштета. Покрај тоа, магазинот се извинил, а парите биле донирани за „American Cancer Society“.

Музиката неизбежен избор

Во семејството Дион, повеќето се музичари, па не е изненадување што и таа се занимава со тоа. Кога имала пет години, на венчавката на брат ѝ ја отпеала песната „Селин“. Од тој момент натаму, сите од семејството знаеле дека нејзиниот талент е огромен и дека таа е предодредена да биде ѕвезда. Нејзината мајка и братот Жак знаеле дека таа мора да биде слушната. Затоа, ѝ направиле песна која ќе ја изведе пред продуцентите. Планот бил одличен, а резултатот подобар и од што можеле да се надеваат. Рене Анжелил е токму човекот кој го контактирал семејството и сакал да дознае повеќе за Селин - музички продуцент и менаџер. 

Но, пред да им се јави...

Мајката на Рене, му ја пратила демо снимката со белешка: „Ова е 12 годишен, фантастичен глас. Ве молам слушнете ја“. Рене не бил многу убеден од белешката, не го ни слушнал и не одговорил. Подоцна, еден од браќата на Селин му се јавил и го замолил да ја слушне демо снимката и тој тоа го сторил. А подоцна им се јавил и на членовите на семејството и ја повикал Селин на аудиција. Рене бил толку трогнат од гласот на Селин, што морал да ја запознае и лично. Откако ја слушнал како пее во живо, уште истиот момент станал нејзин продуцент. Уште тогаш знаел дека таа има фантастичен потенцијал. Кога почнала да пее, тој почнал да плаче, а исто така и останатите присутни. Со оглед на тоа дека била многу млада, знаел дека ќе треба доста да се работи со неа, но веќе имал сосема јасен план.

Невестиште или принцеза?

Рене и Селин се венчаваат во 1994 година и имаат екстравагантна венчавка. За да се создаде нејзината огромна венчаница биле потребни преку 1.000 часа работа. „Опашката“ на фустанот била долга преку шест метри, а зад креацијата се потпишуваат Миреја и Стив Џентл. Тие создадле и тијара тешка околу 9 килограми, украсена со скапоцени камења. Селин изгледала како кралска принцеза. Освен синот што го добија во 2001, во 2010 година станаа и родители на две машки деца, близнаци. Нивната свадба се пренесувала и на една канадска телевизија.

Часови по англиски

Со оглед на тоа дека била млада, Рене во еден момент ѝ кажува да си земе малку време и да размисли што сака од музиката. Кога таа му рекла дека би сакала да биде изведувач каков што е Мајкл Џексон, тој ѝ рекол дека ќе мора да следат промени. И во тие 18 месеци тоа и се случувало. Таа поминала низ неколку трансформации. Англискиот го изучила со совршенство и се здобила со самодоверба. Потоа го издава албумот „Incogito“ кој се продава во половина милион примероци, а нејзината популарност почнува да расте. 

Закана за гласот

Но, потоа се случува друг проблем. За време на турнеја, како последица на пад на имунитет и слабост, се разболува од ларингит и го повредува гласот. Таа сака да продолжи, но лекарите ја советуваат токму спротивното, а тоа бара пауза од три недели и вежби за гласот, во спротивно ќе мора да оди на операција.

Соочување со јавноста

Селин и Рене почнуваат да се забавуваат кога таа има 19 години. Свесни се дека ќе им поставуваат многу прашања поради големата разлика во години, но сепак продолжуваат со својата љубов. Нивната контроверзна љубов ја кријат со години. Тие почнале да се забавуваат во 1987 година, се верија во 1991 година, а се венчаа во 1994 година. Јавноста за нивната врска дозна дури во 1992 година. За време на турнејата „Let's Talk About Love“, Селин ќе прими лоши вести, дека ракот по втор пат се вратил. Тој умира на 14. јануари 2016 година, на 73.годишна возраст.

Имињата на синовите

Непосредно пред да почине, Рене и Селин ги добиваат близнаците - Нелсон - по поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела и Еди по  Еди Марнари, еден од продуцентите кои работеле на првите пет албуми на пејачката. Пејачката ексклузивните фотографии со близнаците ги направи за канадското издание на магазинот „Hello!“.

Тајната за татко ѝ

Селин ретко зборувала во јавноста за нејзиниот татко Адемар Дион, но во едно интервју, после неговата смрт во 2001 година, ќе каже: „Татко ми е се уште мој обожавател број еден, така беше уште кога бев мало девојче. Знам дека татко ми ќе сакаше вечерва да сум на сцената со сите што ги сакам и да го правам тоа што го сакам. Тој одигра клучна улога да станам тоа што сум денес“

Разговор за смртта

Ден пред смртта на Рене, Селин како да претчувствувала и ги подготвила за она што неминовно следело. „Горда сум на начинот на кој ги подготвив момчињата за смртта на нивниот татко. Не знаете што може да ви се случи во животот, тоа што можете да го направите денес, навистина не го оставајте за утре, никогаш не одложувајте да кажете те сакам или да се заблагодарите. Иднината е сега“. Истата недела го губи и братот од истата болест. 

Најпопуларна во семејството

Иако многу од членовите се занимаваат со музика, сепак само таа стана позната и ѕвезда. Нејзината најстара сестра Клодет исто така имала музичка кариера, но никогаш не до тој степен како на Селин. 

 

Објавено:
24 јули 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
761 пати