Шанаја Твејн: Бев злоставувана и немам проблем да го кажам тоа

24 април 2018

Пејачката Шанаја Твејн (52) има навистина тешка животна приказна. Таа и нејзината мајка долги години биле физички и ментално злоставувани од очувот на пејачката, во текот на детството.

Во интервју за „Гардијан“ таа го сподели ова болно искуство, откривајќи дека била жртва на нејзиниот очув Џери Твејн.

„Бев сексуално злоставувана, но ух, навистина не би навлегувала во детали. Не ми пречи да го кажам тоа, затоа што сметам дека е многу важно луѓето да знаат дека можат да ги преживеат дури и тие искуства“, вели пејачката.

Таа откри дека  злоставувањето започнало кога таа имала 10 години.

„Сметам дека сексуалното малтретирање оди рака под рака со физичкото и психолошкото, особено кога се работи за некој што го познавате. Научив како да го препознаам тоа. Злоставувачите имаат потреба да манипулираат со тебе, не е важно да ли пред или после злоставувањето и она што си го реков себеси е: „Ок, нешто не е во ред со оваа личност и оваа личност не е добра“, раскажува Шанаја.

Инаку, таа не знае кој е нејзиниот биолошки татко, а мајката Шерон и очувот загинуваат во сообраќајна несреќна во 1987 година, по што таа морала да ја преземе родителската улога врз нејзините две помали сестри.

„Како дете, се сожалував, ми беше многу жал за мене. Ако одевме во некоја институција, ќе нè разделеа со сестрите. А тоа немаше да можам да го поднесам, па затоа донесов одлука да останеме трите заедно, во добро и во лошо“, открива пејачката.

Таа е една од ретките јавни личности што го поддржува Трамп.

„Јас правам музика која ги спојува луѓето. Мојот пат секогаш ќе биде за инклузивност, како што и мојата досегашна работа кажува. Ја почитував искреноста на Трамп. Иако звучи навредливо во неговата реторика, ми изгледаше искрен. Дали сакате искрени и директни луѓе или учтиви?. Она во што секогаш ќе останам доследна е да се противам на секаков вид дискриминација, потенцира Шанаја.

Објавено:
24 април 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
859 пати