Што да посетите во Милано за 24 часа?

11 април 2017

Доколку сѐ уште не сте го испланирале пролетното патување, тогаш Милано е совршениот град во кој ќе уживате во секој момент.

Ива Краљиќ, дописник за хрватското издание на Buro 24/7 која неколку години живее во Милано, открива што можете да направите во овој шармантен град доколку имате само 24 часа.

Милано е град кој има навистина што да понуди, но не разочарувајте се и доколку имате малку време, бидејќи постојат неколку задолжителни места што морате да ги посетите.

Веројатно веќе знаете дека Милано е една од најомилените светски шопинг дестинации каде ќе најдете буквално што и да посакате, но постојат и различни места за забава и историски места кои се задолжителни за секој.

Brera е еден од најпознатите делови на Милано кој мора да се посети и доживее. Овој дел потсетува на Париз поради големиот број мали шармантни локали и барови кои се инаку специфични за Милано. Како совршено место за појадок Ива го препорачува Bianco Latte кое е задолжително за сите оние кои имаат барем малку време за уживање додека се во Милано. Во нивната понуда ќе можете да најдете совршено вкусни кроасани и неверојатни слатки кои мирисаат долж целата улица. По завршувањето на појадокот, задолжително прошетајте низ Brera каде ќе најдете голем број на продавници на познати, но и многу млади дизајнери. Ако сте љубител на суши, тогаш поминете го времето за ручек во популарниот ресторан Sushi B каде ќе можете да уживате во нивната огромна понуда.

Arco Della Pace е еден од најубавите делови во Милано, а се наоѓа на 15 – тина минути од плоштадот. Таму се наоѓа и еден од најубавите паркови во кој има неверојатна позитивна енергија поради сите луѓе кои времето сакаат да го поминат опуштајќи се и забавувајќи се.

Она што никако не смеете, а и нема да можете да го заобиколите е плоштадот Дуомо каде покрај прошетката и уживањето во неговата убавина, мора да одвоите малку време за аперитив на Terazzi Aperol каде ќе се чувствувате како во некој ретро филм. Треба да знаете дека мора да закажете претходно, ако не сакате да чекате со часови.

Миланската кујна не е како онаа во Рим и Сицилија, но можете да пробате одлично рижото миланезе во ресторанот Санта Мариа кој се наоѓа во улицата Via Santa Marta која се наоѓа на пет минути од плоштадот.

Ако имате време за забава во некој клуб, тогаш Масада е местото кое мора да го посетите. Таму ќе имате чувство како забавата да не запира, а ќе се журкате и на звуците на супер техно музиката. Забавата во овој клуб не е класична, бидејќи почнува во 13 часот попладне, а завршува во 1 по полноќ. Ако не сте расположени за електронска музика, посетете го квартот Isola во кој можете да се забавувате додека пиете пиво со пријателите во пивницата Фрида.

Објавено:
11 април 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.010 пати