Љубовната приказна на Џастин и Софи

Софи Трудо - жената која успеа да го освои најзгодниот премиер

25 октомври 2019

Џастин Трудо повторно е актуелен во медиумите, овој пат поради победата на изборите. Негова најголема поддршка и овој пат беше сопругата Софи, која за разлика од него, но и од други дами на нејзината позиција, не сака да биде во центарот на вниманието. 

Има 44 години, родена е на 24 април во Монтреал и жена која успеа да го освои најзгодниот премиер.

Таткото на Софи бил трговски патник, а мајката медицинска сестра. Во една пригода ќе изјави дека нејзиниот татко и чичко влијаеле многу на тоа како треба да се однесува еден маж кон жената и семејството. 

Одбира образованието да го насочи кон менаџмент и односи со јавноста. Работното искуство ќе почне да го гради во една компанија, каде ќе остане три години. За детството ќе рече дека го памети како среќно и исполнето со многу другари. Сака спорт и природа.

Иако сè досега ви изгледа како убава приказна, без проблеми, грешите. Во тоа време, нејзините дваесетти години, води борба со булимијата. За овој проблем, со кој првпат ќе се сретне на 17 години, ќе одлучи да зборува години подоцна, во време кога нејзиниот сегашен сопруг ќе биде веќе на власт. Во раните 20-ти ќе им признае на родителите со што се соочува, а процесот на излекување и закрепнување ќе трае две години. Во тоа ќе ѝ помогнат терапии, поддршката од најблиските и јогата.

„Во моментот кога на глас го изговорив својот проблем, дури тогаш бев на патот кон оздравувањето. Сфатив дека не сум сама и дека има уште многу такви како мене. Нивната борба и поддршка ме извлекоа од проблемот“, ќе изјави. 

Од маркетингот и продажбата, ќе премине да работи како водителка во една радио станица, каде добива свое шоу, а најголем број од темите се во врска со хуманитарната работа. Таму ќе работи цели пет години, до 2010 година.

Со Трудо се познаваат од деца. Софи често одела во домот на Трудо.  Неговото и нејзиното семејство се познавале, бидејќи потекнуваат од исто место. Во детството, таа е многу блиска со неговиот помлад брат, Мајкл, со кој учела во ист класа кој за жал ќе почине во 23-тата година од животот, како последица на планинска лавина.

Иако патиштата повторно ќе им се спојат, Џастин и Софи не се вљубуваат веднаш. Во 2003 година биле заедно ангажирани во рамки на хуманитарна манифестација. Софи веднаш го забележата и се заинтересирала за него.

„Многу се смеевме, се шегувавме, дефинитивно постоеше некоја хемија меѓу нас. Тогаш сфатив дека тој е некој за кој вреди да размислам и да го погледнам посериозно“, ќе изјави во една пригода.

Следното утро, таа му испратила мејл, дека го чека. Но, Џастин тогаш не бил подготвен за љубов, па Софи воопшто не ја доживеал како потенцијалндевојка, ниту пак имал посериозни намери. 

„Го добив мејлот и си реков. Убаво. Ок. Добро. Но, не одговорив. Не го ни избришав, само одлучив дека е подобро да не започнувам нешто за што не сум сигурен дека сакам да го живеам“.

Меѓутоа, истата година во лето, тие повторно ќе се сретнат и тоа на улица. Таа ќе биде љубезна, но студена. Тој ќе потрча по неа и ќе ѝ го побара телефонскиот број. Софи ќе му рече дека ако го сочувал нејзиниот мејл, ќе му го даде телефонскиот број. Одговорот го знаете.

Без обврски и очекувања, ќе ја повика на состанок и љубовта меѓу нив ќе се роди. Како велат, ноќта кога ќе станат пар, ја поминуваат во караоке бар, во приватниот дел, каде имале можност да се запознаат. Џастин вели дека таа вечер одлучил дека убавата Софи еден ден ќе му стане сопруга.

„Пред сè, штом ќе ја погледнете, сè ви е јасно. Таа е апсолутно прекрасна. Но, тука е и нејзината чувствителност, добрина, реалност и интелигенција. Сите вредности ги имаше всадено длабоко во себе, а денес тоа е вистинска реткост“ ѝ објаснил Џастина на нивна заедничка пријателка уште пред 15 години. Тоа мислење го има и денеска, кога нивниот живот е сосема променет.

Истата вечер ѝ признал на Софи: „Па, крајно време беше да дојдеш. Поминаа 32 години и веќе помислив дека некој како ти нема никогаш да се појави. Те чекав целиот живот“.

Две години подоцна, тие ќе стапат во брак. За венчавката ќе речат дека била како од бајките. Но, бргу потоа, Џастин ќе посака да си ја проба среќата во политиката, а неговата, тогаш веќе сопруга, му дава полна поддршка. 

„Знам дека можеби секогаш нема да биде лесно и дека со тоа го ставам мојот пат на страна, но подготвена сум да направам сè за тебе и верувам дека ќе можам да се носам со притисокот кој ќе ни дојде со твоето вклучување во политиката“, биле зборовите на Софи тогаш и го исполнила ветувањето.

Таа е секогаш до својот сопруг, да го поддржи и да му даде дополнителна сила кога е потребно. Не сака премногу јавно да се експонира, но со него е на сите важни состаноци и државни посети во земјата и надвор од неа. Ориентирана е на хуманитарна работа, за правата на жените, нивното ментално здравје, а посебно на бремените жени, нив ги става секогаш на прво место.

Инаку, Џастин и Софи се родители на три деца. Две години по венчавката, во 2007 година се раѓа синот Завиер Џејмс. Во 2009 година се раѓа ќерката Ела  Грејс Маргарет, додека најмладиот син Хадријан Грегори пет години подоцна.

Семејството често присуствува на општествени случувања, сакаат спорт, природа...

А со оглед дека има скромна личност, такви се и нејзините појавувања и стил. Преферира лежерност и светли бои, додека елеганцијата е во прв план кога се во прашање официјалните посети.

„Таа е моја најдобра пријателка, прекрасна личност и мајка“, ќе каже канадскиот премиер за својата сопруга.

 

 

 

Објавено:
25 октомври 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
13.388 пати