Спектакуларниот дом на Селин Дион на Флорида

23 ноември 2013

 

Светски позната пејачка Селин Дион важи за една од најпривилегираните личности кога  е нејзиниот дом во прашање. Покрај огромниот мансион во Мајами, таа има уште едно „катче“ каде ужива во убавите мигови со своето многубројно семејство. Нејзиниот имот во Флорида чини вртоглави 71,000.000. долари, а се протега на 10.000  метри квадратни. Палатата има осум огромни спални соби, гостински замок, базен куќа, тениски центар, дрвена куќа, огромен воден парк и мрзлива река.

 

Целиот ентериер е мошне впечатлив, а боите кои доминираат се главно црната и белата. Желбата на Дион била белата боја да биде насекаде, како симбол на свежина, чистина и пространост, па поради тоа стилистите нејзиниот дом го нарекоа „Big White House“. За уредување на оваа мини населба Селин раскажува дека идеите ги црпела од списанија за ентериери. За неа омилено место каде сите се собираат е кујната, па затоа таа е пространа, голема и бела и е поврзана со соба за дневен престој, бидејќи таа има навистина големо семејство, па за ги собере сите морала да пронајде адекватна варијанта.

Кујната е направена во модерен стил , следејќи ги најновите трендови како во поглед на мебел така и во поглед на апаратите за домаќинство. Може да се забележат и елементи на арт-деко стилот, а што се однесува до украсите и декорациите, тие се навистина едноставни и масивни. Интересни модели на ноќни ламби и многу фотографии, тоа се ентериерните додатоци кои ги има насекаде низ куќата. Најчесто во кафена, црна, сребрено сива или боја на вино за да се разбие белината на просторот.

 

Куќата на дрво е изградена специјално за нејзиниот десетгодишен син, но таа е доволно голема за да собере дузина деца во неа. Опремена со најсовремена интернет технологија, играчки и плеј стејшн. Кога пејачката одлучила да му изгради ваква куќа на својот син се водела по девизата „цело кога има се“, па одлучила во тој простор да се најдат сите најинтересни и најсовремени играчки кое едно дете може да ги посака.

 

Како асистент дизајнер, Селин не престанувала со своите желби не само во поглед на внатрешното уредуваше туку и за надворешната визија на домот. Па така се одлучила дека во куќата треба да има Воден Парк со три базени, мрзлива река и базен куќа. Иако тоа било мошне тешко да се изведе, сепак на крајот нејзиниот сон станал реалност. Целиот проект плени не само со убавина но, и со неверојатна смиреност која ја дава самата пространост, големите завеси кои се виорат од базен куќата, огромната тераса покрај базенот каде има кружна гарнитура на која можат да седат 20 луѓе истовремено и  да бидат комотни, а белата боја со нијанси на крем и злато е повторно во фокусот на дизајнот. Романтичен амбиент кој пулсира со неверојатни релаксирачки вибрации и многу миризливи свеќи кои дополнително ја засилуваат хармоничната аура.

 

Но тоа не е се, во рамките на имотот има и тениско игралиште кое е во функција и на кошаркарски терен, па покрај тенис, може да се игра и кошарка. Со оглед на тоа дека таа има три деца, едно поголеми и две близнаци, а според неа спортот е мошне битен сегмент во постигнување на правилен физички развој на детето, ѕвездата одлучила, тоа мало задоволство да им го приушти на своите деца. Имено таа е и страстен играч на тенис и често заедно со нејзиниот сопруг тренираат.

 

Она за што сонува секоја жена во светот, Селин го поседува. Тоа е огромниот и впечатлив плакар за чевли, каде таа има сместен0 повеќе од 3000 пара обувки. Гардероберот е специјано направен во уникатен дизајн и има механизам кој го одржува редот на чевлите и истовремено ги чисти. Пејачката е голем фанатик за чевли, тие се нејзин фетиш и затоа ги има во толку голем број. Запрепастувачка глетка која изгледа како кралски трон, каде срамежливо ѕиркаат над 3000 украсни камења. Ова е вистинската метафора со која би го окарактеризирале „малото богатство“ на оваа холивудска дива.

 

Големата бела куќа како што ја нарекуваат стилистите дише со неверојатна, елеганција, класика и позитивна енергија. Погледнете ги фотографиите и воодушевувајте се на раскошниот амбиент:

 

Објавено:
23 ноември 2013
Категорија: 
Стории