Вака изгледа 70 годишна жена што 30 години не јаде шеќер

12 февруари 2019

Каролин Харц четири децении била зависна од слатки, сè додека еден ден не решила засекогаш да се збогува со шеќерот за што ќе каже дека била најдобрата одлука што ја донела во животот.

Денеска, таа има 70 години и изгледа многу подобро од нејзините врсници, а благодарение на вежбите што секојдневно ги практикува, има совршено тело на што секој може да и позавиди.

„Многу жени над 50 мислат дека не е возможно да ја одржат добрата форма и килограмите. Иако можеби е малку потешко да се остане во форма, секако е возможно ако се грижите за телото и вежбате. Знаеме дека метаболизмот ни се успорува со стареењето, а тоа значи дека треба подобро да се грижиме за себе, да правиме здрави избори и да вежбаме малку повеќе“, вели Каролин во интервјуто за Дејли Мејл Австралија.

Она што таа сака да им укаже на сите е дека е од исклучителна важност она што го јадеме и колку храна внесуваме.

„Јадењето без размислување може да доведе до непотребно качување на килограми. Јас секогаш им велам на моите клиенти дека треба да уживаат во храната, тоа ќе им помогне да јадат споро и никогаш да не се прејадат“, вели Каролин која е сопственик на компанија која се занимава со производство на здрава храна.

Ќе каже дека на почетокот било многу тешко да успее да го помине денот без да внесе шеќери, но и дека токму тоа што успела е она што ја одржало здрава и фит. Додава и дека задолжително јаде нешто протеинско, особено наутро за да не мисли на слатки.

Имено, пред да ја донесе одлуката да престане да внесува шеќер, нејзиниот доктор ѝ дијагностицирал дијабет тип 2, по што таа решила дека е време сериозно да се погрижи за нејзиното здравје.

За една жена да изгледа добро таа ќе каже дека најважно е да се фокусира на ставот што го има и на храната што ја јаде, по можност, секогаш без шеќери.

„Јас секогаш сум оптимист, дури и во оние моменти кога во животот сум соочена со разни предизвици. Можеби ќе ви биде смешно, но јас би сакала метеоролозите секогаш да кажуваат дека ќе имаме делумно сончев ден, наместо делумно облачен. Мислам дека така би ги направиле луѓето многу посреќни“, вели таа.

Денеска, таа јаде пет мали порции во денот, наместо обилните што претходно ги внесувала. Слатките работи ги заменила со храна богата со протеини, а конкретно шеќерот со засладувач наречен „Ксилитол“, а има објавено и книга наречена „Sweetlife“ во која се содржани супер вкусни рецепти.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SweetLife (@sweetlifeaus) onDec 19, 2018 at 8:03pm PST

На крајот, додава и дека одморот е многу важен, па затоа таа секогаш се обидува да спие осум часа за телото да може да заздрави и да се подготви за новиот ден. За Каролин, подеднакво важна е и негата на кожата, па така ќе каже дека никогаш не заспала без темелно да го исчисти лицето и дека секогаш под шминката носи крема за заштита од сонце.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SweetLife (@sweetlifeaus) onJan 24, 2019 at 10:08pm PST

Инфо и фото: Healthy Food House

Објавено:
12 февруари 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
6.203 пати