„Вог“: Не објавуваме повеќе малолетни модели

17 август 2018

„Паша Харулиа има 15 години кога странци почнуваат да ѝ пишуваат на нејзиниот Инстаграм профил и да ја прашуваат дали е заинтересирана за моделинг. Таа не била – но нејзината мајка да. По наговор на мајка си, се согласува да проба.

Неколку недели по потпишувањето на договор со агенција во нејзиниот роден Киев, тогаш 16-годишната Паша успева да замине за Париз и да биде ангажирана за шоу на Баленсијага.

Паша Харулиа, фото: pinterest.com

„Јас дури и не знаев што е Баленсијага. Луѓето околу мене ми кажуваат дека тоа е добро“, се присеќа сега 19-годишната Харулиа.

После Париз, следи Токио, каде Паша дели стан со неколку Русинки, од кои најмладата има 13 години. Следеле неколку напорни месеци, најчесто потрошени во кастинзи.

„Се забавував, но морам да признаам дека најмногу размислував за парите“, вели моделот.

Но, во Кина било поинаку. Моделингот за сајтовите за онлајн продажба, понекогаш подразбирал и сликање на 100 парчиња дневно.

„Беше пренапорно. Се чувствував како некој да го избришал подот со мене, а потоа ме фрлил“, открива Паша“.

Ова е само почетокот од сторијата на американскиот „Вог“ во која јавно кажуваат дека низ нивните страници веќе нема да се видат, ниту пак за нивните едиторијали и кампањи ќе се ангажираат модели помлади од 18 години.

фото: Vogue.com

Во текстот фокусот е ставен на тоа дека младите момчиња и девојчиња, од 11 до 17 години премногу се експлатираат. Исто така, во темата се вклучени и модни дизајнери кои посочуваат дека модното темпо со кое имаат само три месеци кога нема никаква ревија, налагаат и зголемен број на модели. Голем број од времето поминува во кастинзи, поради различните големини и не можноста да се најдат соодветни модели, досега се најмувале и премногу млади момчиња и девојчиња само со цел да се најдат доволен број луѓе за сите модни шоу-а. Ако се има предвид дека 40-50 модели се ангажираат за само едно шоу, модните брендови честопати досега ангажирале и тинејџерки.

Целта на овој нивен чекор е да се променат стандардите во модната индустрија, а во насока на моделите.

Со години малолетните модели работат понекогаш и до 20 часа дневно, а притоа и да не се доволно упатени во тоа што ги очекува.

-Фитинзите непосредно пред ревиите некогаш траеја цела вечност. Денес, се сведе на тоа дека се ангажираат девојки кои можат да „влезат“ во фустанот, вели Давид Боновруие основачот на ДНА Модел Менаџмент, една од најпознатите агенции од Њујорк.

Андреа Дијакону, фото: Vogue.com

Во текстот отворено зборува и Андреа Дијакону, моделот што беше заштитно лице на „Гучи“, „Долче и Габана“, ги сподели нејзините искуства.

Скаути ја забележале кога имала 11 години.

„Благодарна сум за сè што оваа работа ми даде. Пропуштив прекрасни денови со пријателите. Од најдобар ученик во класот, станав оној што едвај може да положи математика. Но, патував, научив јазици и ме примија на Универзитетот во Колумбија, а сигурна сум дека ниту стипендија од Букурешт немаше да ме донесе тука каде што сум“, вли 27-годишниот модел.

Но, не било секогаш така сјајно.

„Кога имав 14 години, некои фотографи бараа од мене да се соблечам топлес. Ми даваа зелени апчиња со чаеви за издржливост, кога снимањата или ревиите вклучуваа 20 и повеќе часа. Еднаш, кога имав околу 16 години имав „букер“ кој ми кажа дека морам да се социјализирам и да излегувам во клубови. Сè уште ми е непријатно кога ќе видам модели облечени како егзотични папагали, кои не го испуштаат шишето. Ја фрлав дрогата и пијалоците што ми ги даваа во тие клубови. Но, други модели не беа толку паметни и силни – но и не треба да очекуваме да бидат“, вели моделот.

Брук Шилдс, фото: Vogue.com

„Вог“ оди и чекор понатаму, објавувајќи ги сите модели што досега ги ангажирале а се помали од 18 години. Исто така, признаа дека ангажирањето на 14-годишната Брук Шилдс е погрешно. Таа ја красеше насловната страна на магазинот во 1980 година повеќе пати, изгледајќи многу повозрасно.

„Ајде да веруваме во моделите и да ги развиваме. Да се вратиме во времето кога моделите беа музи, а не закачалки за облека“, вели Боновруие.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА, а од истиот се гледа колку системски работите во модната индустрија треба да се менуваат, а со оваа одлука, магазинот прави револуционерен чекор во менување на истиот.

 

Објавено:
17 август 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
484 пати
Извор: 
Vogue.com