Во тек се Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, а во светските медиуми посебно се пишуваше за настапите во уметничко лизгање.

Двојката од Германија, со беспрекорниот  настап ги освои симпатиите на сите и златен медал.

Многумина го сакаат уметничкото лизгање поради две работи – возбудата дали натпреварувачите ќе го направат тројниот аксел како што треба и второто – костимите.

Лелеавоста на фустанчињата, боите, сјајот, сето тоа придонесува да бидеме како хипнотизирани кога гледаме настапи од овој спорт.

Во што се состои магијата на костимите, како всушност се изработуваат и кон какви правила натпреварувачите треба да се придржуваат, колку чинат костимите итн, одговорите на овие прашања следат во продолжение:

Секој костим се состои од импресивна содржина светки, спандекс и мрежички во беж нијанси, при што доволно се гледа телото на натпреварувачот, а со тоа полесно се следат сите движења што ги прават и кои ни изгледаат спектакуларно.

Лиса МекКинон е позната дизајнерка на костими за уметничко лизглање и ги открива тајните (или бар дел од нив) за нивното создавање.

Инспирација: Лиса е еден од најангажираните дизајнери, а така е и на овие олимписки игри. Таа ги дизајнираше и костимите на германската двојка Аљона Савченко и Бруно Масот.

„Првин разговарам со спортистите за тоа што тие сакаат да го добијат. Потоа ја слушам музиката на која ќе настапуваат, и тоа постојано“, вели таа.

Многу луѓе учествуваат во одобрувањето на костимот – тренерите, кореографите, натпреварувачите....


Наптреварувачите сакаат светкави костими: „Секој лизгач, речиси без исклучок, сака не еден или друг начин да се издвојува со костимот, а често светките, камчињата или монистрата се тие што го привлекуваат окото на публиката кога ќе излезат на мразот. Површината за лизгање е огромна и многу бела, па костимот мора да биде впечатлив за да не „исчезнат“. Но, исто така, треба да се внимава тие да не го направат костимот претежок.

„Кристалите се најскапиот дел од поцесот, на страна од работната рака. Понекогаш ќе дадете дури 400 долари за „сјајот“ на костимот, а ќе сфатите дека пак е малку и дека тој изгледа конзервативно, а тогаш не сте направиле ништо“, вели дизајнерката.


Времетрање: Понекогаш ми треба ден и пол за да ги зашијам украсните камчиња за костимот. Ретко кога имам костим помалку од 2.500 камчиња. Некои имаат дури и по 5.000“, открива Лиса.

Времетраењето на севкупната изработка на костимот зависи од тежината на дизајнот на костимот, но и од самиот дизајнер. Некому му се потреби три до четири дена постојана работа, додека на некои им требаат недела дена, односно 10 до 12 (ако се земе предвид и времето за скиците до крајниот резултат) и тоа со работење по 10 часа дневно. Постојат изработки што бараат и дури 200 часа работа, тие се сметаат за елитни костими.

„Никогаш не се работат два идентични костими, за да се има резервна варијанта, бидејќи сè може да се поправи“, открива МекКинон.


Правило на 50 проценти: Повеќето костими за уметнико лизгање се транспарентни и откриваат многу. Сепак, постојат правила кои наложуваат дека 50 проценти од телото мора да биде покриено со ткаенина. Интернационалната унија на лизгачи потенцира дека „костимот мора да биде скромен, достоинствен и соодветен на спротски натпревар“.

„Костимите на жените се толку мали затоа што се состојат од мало боди и здолниште. Мрежа во тон со тенот на кожата дава ефект на откриеност, но истовремено го покрива телото и прави костимот да не изгледа вулгарно“, истакнува МекКинон.


Нема значајни промени во последните декади: Дизајнерката истакнува дека последните децении, дизајнот на костимите и не се сменил многу, особено кај жените. За разлика од нив, мажите се сè похрабри и сакаат да бидат модерни.


Жените не мора повеќе да носат здолништа: Иако повеќето натпреварувачки носат боди+здолниште, правилата од 2006 година се сменети и велат дека жените можат да носат и костим со ногавици. Сепак, Интернационална унија потенцира на правилото тие што се натпреваруваат во уметничко лизгање, да се држат до здолништата и фустаните.


И костимот се бодува: Ако од костимот падне некој дел, па дури и тоа да се монистра или кристал, натпреварувачот ќе изгуби поени.

„Се што е сошиено или залепено, мора да биде цврсто и професионално направено, за да не падне во текот на перформансот. Исто така, испаѓањето на делови од костимот може да биде и опасно за натпреварувачот, да згазнат неправилно, или да се заплеткаат.


Костимите се неверојатно удобни: Иако можеби изгледаат неудобно поради тоа што се тесни и нежни, дизајнерите велат дека всушност, тие се неверојатно удобни. Она што е најважно е да може лизгачот во него да се движи слободно, па затоа е сè скроено да биде блиску до телото. Материјали се неверојатно растегливи, а најчесто се користат спандекс, ликра и растегливи мрежи. Исто така, дозволено е користење на тантела или кадифе, доколку натпреварувачот сака, но сè додека тие се растегливи од сите страни. Некои дизајнери одат чекор нанапред, па прават нивна модификација на ткаенината, како боење во нијанси што сами ги креираат, или сликање со четка, за да се создадат уникатни принтови.

„Ткаенините денес се многу полесни за разлика од порано. Боите се исто така поубави. Никој повеќе не користи тешки, метални патенти, за среќа, бидејќи беа многу комплицирани. Растегливите мрежички дозволија креативноста на дизајнерите да се развива и да има што подобри костими од секој аспект.


Пократки здолништа – практични причини: Должината на здолништето се прави во консултација со натпреварувачот, во зависност од темата, но уште повеќе од движењата што треба да ги прави.

„Здолништето не смее да биде многу тешко, за да не виси или да „влече“ надолу. Многу од натпреварувачките не сакаат да имаат „висечки“ или лелеави парчиња за да не ги попречуваат при движењата. Така што ултра кусите здолништа всушност се прават од практични причини“, посочува Лиса.


Цената се движи од 1.500 до 5.000 долари: Дизајнерите не сакаат многу да зборуваат за тоа колку чинат костимите, но најниската цена е 1.500 долари, а може да достигне и до 5.000 долари. Лиса потенцира дека псоледниве неколку декади, костимите поскапеле, поради кристалите.

 

Во галеријата погоре погледнете ги и дел од најубавите костими за уметничко лизгање на ЗОИ 2018 до сега.

 

фото извор: cosmopolitan.com; usmagazine.com; instyle.com;

Објавено:
17 февруари 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.322 пати