Животни лекции од „90-годишната“ Реџина Брет: Животот не е фер, ама и тоа како е добар!

9 ноември 2017

Реџина Брет има 61 година (иако глобално нејзините цитати беа пренесувани и потпишувани како да се работи за 90-годишна старица), го победила ракот на 41 година, 18 години сама го одгледувала своето дете, а ја пронашла својата љубов на 45. Добитничка е на две Пулицерови награди, а стана вирално популарна со објавувањето на животните лекции што ги искусила лично.

Дел од нејзините животни лекции ви ги пренесуваме во продолжение:

Фото: Shutterstock/PopSugar

-Животот не е фер, но сепак и тоа како е добар.
-Кога се сомневаш, само направи го следниот мал чекор.
-Животот е прекраток за да си го губиш времето мразејќи некого.
-Не се сфаќај себеси премногу сериозно. Никој не го прави тоа.
-Плаќајте ги своите кредитни картички секој месец.
-Не мора да бидете победник во секоја кавга. Согласете се да не се согласувате.
- Плачете заедно со некого. То има поголема лековита моќ отколку да плачете сами.
- Започнете да штедите за пензионирање уште со првата плата.
- Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден.
-Помирете се со вашето минато, за да не ви ја уништи сегашноста.
-Сосема е во ред вашите деца да ве видат како плачете.
-Не го споредувајте вашиот живот со животот на другите. Немате поим за работите низ кои тие поминуваат.
- Ако врската треба да биде тајна, не треба да бидете во неа.
- Се може да се смени дур да трепнете. Но, не се грижете за тоа. Животот е таков и тоа не можете да го промените.
-Животот е прекраток за долги самосожалувања. Започнете да живеете.
-Можете да поминете низ се, ако имате трпение денес.
-Писателот пишува. Ако сакате да бидете писател, пишувајте.
-Никогаш не е предоцна да имате среќно детство. Но, второто зависи само од вас и од никој друг.
-Кога станува збор за вашите цели, никогаш не прифаќајте „не" за одговор.
- Запалете свеќи, употребувајте ја добрата постелнина, носете убава долна облека. Не ги чувајте за посебни прилики. Денес е добра прилика.
-Бидете ексцентрични сега. Не чекајте старост за да носите виолетово.
-Никој не владее со вашата среќа, освен вие самите.
-Простете му секому се.
-Што мислат другите за вас, не е ваша работа.
-Верувајте во чуда.
-Вашите деца имаат само едно детство. Направете им го незаборавно добро.
-Излегувајте надвор секој ден. Таму некаде ве чекаат чуда.
-Ослободете се од се што е некорисно, не е убаво или не е за уживање.
-На крајот она што е навистина важно е дека сте љубеле.
-Најдоброто допрва доаѓа.
-Викајте!
-Земете длабок здив. Тоа го смирува умот.
-Животот не е врзан со панделка, но сепак е подарок.

Реџина Брет, Фото:woman.ru

Објавено:
9 ноември 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.029 пати