Значењето на црната нијанса

14 ноември 2013

Оваа боја се смета за мистична, таинствена и претставува бариера од личноста што ја носи и надворешниот свет, а исто така пружа удобност во секој поглед. Црната боја обично се носи во период на жалост и тага, а од друга страна е омилена  боја меѓу тинејџерите кои се обидуваат со нагласување на нијансата да докажат дека поседуваат голема самодоверба и независност.

Во психолошка смисла, црната боја не означува само самодоверба туку личност која поседува моќ, информации, независност, дисциплина, авторитет и самоконтрола. Дури се смета дека доколку некој продавач е облечен во црно ќе направи поголема заработка, но сепак ќе има помал број на пријатели.

Луѓето кои ја носат црната боја се конзервативни, сериозни и не отстапуваат од своите ставови. Но сепак, да не заборавиме дека таа е и вечна класика и елеганција, а црниот мал фустан има култен статус.

Црната нијанса е препорачлива за сите оние кои имаат покрупна градба, но и за страсните личности кои не се срамат да ја истакнат женственоста во себе.

Објавено:
14 ноември 2013
Категорија: 
Стории