Зошто милениумците се облекуваат како пензионери?

19 август 2019

„Трпи бабо за убавина“ е стара изрека која може да функционира речиси во секоја декада. Да се биде модерна жена не било секогаш удобно ниту пријатно искуство, но се носеле премногу стегнати корсети, тесна облека, тешки фустани итн...

Меѓутоа, ако се следат новите генерации, посебно милениумците, ќе наидете на две различни струи - едни што и даваат предност на удобноста и други што сакаат да се приближат на новите идеали за убавина.

Овие првите пак, ја сакаат таканаречената „пензионерска мода“ (retired fashion).

Колку и да ви звучи чудно на прва, навистина новата генерација носи пресликана мода од бабите.

Широки здолништа, широки џемпери, широки јакни, плетени парчиња, пуловери, но и сандали на „лепенка“, рамни обувки, патики, широки фармерки, бели маици, исто така пошироки, се парчиња што се наоѓаат во плакарите на повеќето милениумци.

Се верува дека брзото време, постојаното движење и патувањата ја наметнале потребата од удобни парчиња. Дел од младите како да не сакаат стеги воопшто - ниту во општеството, ниту во животот, а најмалку во облеката.

Британската дизајнерка Ешли Вилијамс дури имаше и цела колекција посветена токму на овој стил, со натпис „Retired and loving it“, која веројатно е совршен одраз на ова што го зборуваме.

Како вие гледате на ова?

Удобноста пред сè или „трпи за убавина“ трендови? 

Објавено:
19 август 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
731 пати